Техничка анализа

//Техничка анализа
Техничка анализа 2017-12-31T11:11:51+00:00

Техничката анализа е проучување на податоците за пазарот како што се историски и актуелни податоци за цените и обемот во обид да се предвиди идната активност на пазарот. Историските податоци за цените се најчесто користени и најдостапни податоци кои се вклучени во анализата.

Историските пазарни податоци се зачувуваат и формираат графикони низ специјални временски периоди. Трејдер кој користи техничка анализа може да анализира различни графикони низ специјални временски периоди, така што ќе избере излезно и влезно ниво на цената за тргување. Од графиконот кој се проучува, личноста која го анализира е во можност да добие информации за тоа како најверојатно ќе се движи цената на инструментите во иднина.

Кој метод на анализа ќе покаже најдобри резултати е секојдневна тема на дискусии помеѓу фунаменталистите и техничките аналитичари. Техничките аналитичари тврдат дека сите фундаментални настани се вградени во цената, па така, освен природните катастрофи и неочекувани светски настани, моменталната цена на пазарот ја покажува пазарно очекуваната вредност замајќи ги во предвид сите познати информации. Оние кои ги почитуваат графиконите реално бараат шаблони (формации на графикони) или повторувања на движењето на цената како би го погодиле веројатниот исход на идните трендови на цената. Со еден збор, тие ги истражуваат трендовите.

Техничката анализа подразбира три главни точки :

  • Фундаметалните настани се веќе вградени во цената
  • Историјата обично се повторува. Пронајдете го она што се случувало во минатото и со тоа проектирајте ја иднината
  • Трендовите се клуч- утврдете дали инструментот се движи во тренд, а потоа следете го. Обично постојат три варијанти: најмногу, најниско или точно. Енаш кога е одреден типот на трендот, точката на стартување е определена.

Со текот на годините разни математички пресметувања се применувале на пазарните цени и обемот на тргување. Овие пресметки познати уште и како студии им помагаат на техничките аналитичари да се фокусираат на идентификување на трендот и да ги определат влезните и излезните новоа на цени.

Како и кај сите анализи, дисциплината е најважниот аспект од оваа студиа. Ако вашата студиа покажува дека се случува нешто тогаш следете ја вашата студиа – не дозволувајте пазарот да го промени вашиот план. Ако сте погрешиле, тогаш сте погрешиле, но држете се до планот на својата игра (Видете ги техничките совети за инвестирање со корисни совети за тргување)

ТИПОВИ НА ГРАФИКОНИ

Постојат три главни врсти на графикони : Линиски, Графикон од стапчиња, и графикон во облик на свеќи.

  • Линиските графикони се наједноставни и најдобро се поврзуваат еден период на цена на затворање со друг.
  • Графикон од стапчиња, или палка графикон ни дава повеќе информации него линискиот графикон така што секој период се покажува преку едно стапче. Стапчињата не го покажуваат само движењето од еден период во друг него и движење на цената во внатрешноста на истиот период.
  • Графикон во облик на свеќа. Тие се многу слични со графиконот од стапчиња, само што бојата на свеќите на дава повеќе детали на прв поглед. Секој период е составен од една свеќа, а тие се состојат од тело и фитил на двата краеви. Телото на свеќата е обоено ( обично црвео и плаво или црвено и зелено). Фитил представува највисок и најнизок одреден период, додека телото представува цена на отворање и затворање.Бојата нас ни овозможува да дознаеме дали цената пораснала и паднала во тој период. Ако е телото на свеќата црвено тогаш горниот дел на свеќата означува цена на отворање а долниот дел на свеќата означува цена на затворање. Свеќите со зелена и плава боја го означуваат спротивното – горниот дел од телото на свеќата представува цена на затворање а долниот дел цена на отворање.

ПРОНАЈДЕТЕ ГИ НИВОАТА НА ПОДДРШКА И ОТПОР

Пронајдете ги нивоата на поддршка и отпор. Како што е веќе споменато, кога сакате да купите инструмент, најдобро е да го купите блиску до нивото на поддршка. Ниво на поддршка најчесто се најдува на ниво од најниската цена на предходната адреса. Корестеќи ја истата логика, најдобро место за продажба на еден инструмент е блиску до нивото на отпорот. Нивото на отпорот е обично предходниот врв. Поради тоа што врвот на отпорот пробиен, тој обично ќе обезбеди поддршка на наредното повлекување. Со други зборови, старото најново ниво станува ново најниско ниво. на истиот начин кога нивото на поддршка е пробиен, тоа обично ќе донесе продажба на наредниот опоравак. Старото најниско ново станува ново најниско ниво на отпор.

Ниво на поддршка: Купувате со очекување дека цената или курсот ќе расте.

Ниво на отпор: Продавате со очекување дака цената или курсот ќе паѓа.

EUR/USD горната линија покажува отпор а долна поддршка.

ЛИНИИ НА ТРЕНДОТ

Линиите на трендот се еден од наједноставите и најефикасните графички алати, правите линии поврзуваат две точки на графикони. Линиите на растечкиот тренд спојуваат две последователни ниски точки, а лините на опѓачкиот тренд поврзуваат две последователни врвови. Ценате често ќе се повлече на линијата на трендот пред да се настави нивниот тренд. Пробивање на линиите на трендот најчесто сигнализираат промени во трендот. Што подолго линијата на трендот е на снага, а повеќе пати била тестирана ( што значи дека е допрена но не е пробијана) станува повеќе важна. Линијата на трендот станува важна доколку се допре најмалку три пати.

Глава и рамена

Облик на овој тренд наликува на глава на човечката фигура и рамената, па затоа и такво име. Кога ќе се открие, овој тренд има голема веројатност да се случи. Тоа обично се појавува на крајот на нагорен или надолен тренд и има тенденција да неговиоте “рамената” се симетрични.

ВИДОВИ НА НАЛОГ

Како што е наведено, Stop Loss функција ги чува створените позиции од можните флуктуации на пазарот, што спречува раст на ризикот. Stop Loss автоматски затвора налог кога курсот падне под внесеното ниво и ќе го спречи губитокот.
Оваа функција ги спасува отворените позиции од нестабилност на пазарот. Профитот преку овај пат се дисконтуирана и на тој начин заштитува од прекумерната флуктуации која понекогаш предизвикуваа блокада на налогот.
Оваа функција помага да се одреди курсот или цената по која сте спремни да купите одреден инструмент. Многу е битно што поточно да го процените нивото на влез и потоа тоа ниво да го внесите во налог, кој ќе се активира кога и доколку пазарот го достигне тоа ниво.
Оваа функција ви помага да го одредите долниот курс или цена по која сте спремни да купите одреден инструмент. Најважно е точно да ги одредите нивоата на влез и потоа да ги внесете во налогот, кој ќе се активира доколку пазарот го постигне тоа ниво.
Оваа функциа помага да се определи гонриот курс или цената по која сте спремни да подадете одреден инструмент. Најбитно е што поточно да го процените нивото на влез и потоа да го внесите во налог, кој ќе се активира само и кога пазарот го постигни тоа ниво.
Оваа функција ви помага да се определи долниот курс или цена по која сте спремни да продадете одреден инструмент. Многу е битно да точно го определите ниво на влез и потоа да го внесите во налогот, кој ќе се активира ако пазарот го достигне тоа ниво.

ТЕХНИЧКИ ИНДИКАТОРИ

Најчести показатели

  • Moving Avarege (Движечки Просеци)
  • MACD(Moving Average Convergence/Divergence) Индекс на конвергенција и дивергенција просеци
  • Commodity Channel Index (CCI)
  • Relative Strength Index (RSI) (Индекс на релативна снага)
  • Bollinger Band (Bollinger Band)
  • Momentum (Индикатор на брзината на движење)
  • Volume (Обем)
  • Стохастички индикатор

Други индикатори

  • Williams’ Percent Range
  • Standard Deviation (Volatility)
  • Accelarator Oscillator
  • ADX (Average Directional Movement Index)
  • Average True Range (ATR)
  • Envelopes
  • Fractals
  • Parabolic Sar
  • Bears Power
  • Bulls Power
  • Alligator
  • DeMarker
  • Gator
Подвижни просеци е тренд индикатор и се користи од страна на трговците како средство за да се потврдат постојните трендови, да се идентификуваат новите трендови и крајот на трендовите. Движечки просеци се мазни линии кои им овозможуваат на трговеците да ги следат долгорочните движења на цената без краткорочни флуктуации. Од трите видови на движечки просеци, најчест е едноставен движечки просек, а другите два се пондерисани и експоненцијален движечки просек.

Сите движечки процеси се пресметани како просек од одреден број најниски, највисоки или цени на затворање на одреден период. Разликата измеѓу три типови на движечки просеци е во тежината или значењето која е поставена на секој поединечен период. на пример, пондерисани и експоненцијални движечки просеци даваат поголемо значење на најновите цени, додека обичните просеци дава подеднаква вредност на сите избрани периоди.

Секоја нова точка од движечкиот просек го исклучува податокот од најстариот период, а ги влкучува податоците од најновиот период линијата на движечкиот просек ќе се промени во зависност од бројот на избраните периоди – поголем број значи поспор просек. Некои трејдери ќе играат со поголем број движечки просеци во различни времеснки периоди, додека не пронајдат низа од движечки процеси.за кои осетат дека најдобро го опишуваат одреден инструмент кој го изучувале.

Кога ќе го одбирате движечкиот просек за работа, идеално во растечки пазарен тренд би било моментална цена да не падне испод линиите на движечкиот просек, која ја допреле повеќе од еден пат. Движечкиот просек би требало да формира линија подршка во текот на растечкиот тренд и линија на отпорот во надолниот тренд. Ако трендот на раст продолжи, а линијата на движечкиот просек се прекинува во повеќе наврати, тогаш тоа е добар показател дека е избраната линија на движечки процес премногу брзо и не е доволно подесена. Ако е на пример користен 30 дневен движечки просек, тогаш може да значи дека 45 дневен движечки просек повеќе одговара за овај издвоен инструменнт.

Кога трејдер еднаш е задоволен со однесување на линиите на движечкиот просек во однос на актуелната цена, тој можи да користи линија да означи наставак на трендот или крај на трендот. Ако цената се затвора под линијата на движечкиот просек во два наврати на растечкиот пазар, тоа е индикација на крај на трендот и време е да излезете од долга позиција. Иста логика следи и во надолен пазар но во обратен смер.

Друг начин на користење на движечка средина е во парови. Многу трејдери прво ќе го пронајдат долгорочен движечки просек како што е опишано горе и ќе додадат брз движечки просек, кој дури и порано покажувал крај на трендот. Ако краток движечки просек го преминува спориот покретен просек, тоа можи да биде сигнал за излазна точка на трендот.

Најчесто користен стохастички индикатор е Slow Stochastic ( спор стохастик). Стохастички осцилатор се користи да ја одреди снагата на трендот, или времето кога се приближува крајот на трендот. Стохастички индикатори се прикажуваат со дневни линии познати како %(брза) %(спора) кои осцилираат на скала од 0 до 100.

Математика која стои зад осцилаторот е неважна, она што е важно е значење и поставувањето на линијата, кога линија премине над вредност 80 на скала тоа представува снажен влезен тренд, кога ќе ја премине границата под вредност од 20 на скала тоа представува снажен надолен тренд. Кога % Kлинија преминува преку % D линија тоа може да укажи на промена на трендот, и можност на излазна точка. Кога цените флуктуираат. Стохастички показател ќе се внеси на среден рок – што укажува на недостаток на трендот.

Стохастичките показатели даваат најдобри резултати, кога двете линии се движат на ново ниво во исто време како и актуелната цена. Ова е добар показател за наставак на трендот. Меѓутоа кога стохастик показателите се вкрстат во спротивен правец со меинстримот, тогаш тоа може да биде показател за излазна позициа или промена на превецот на трендот.

RSI е уште едне импулс индикатор. RSI пробува да пронајди преломни точки во трендот. Како и во Стохастичниот показател, и RSI има вреднсот на скала од 0 до 100. Вредност над 80 покажува на претерано купување на пазарот, a вредност испод 20 укажува на преголема продажба на пазарот. Со RSI показателот би требало да се консултираме само тогаш кога постои правец на промена над и под 80 и 20 линии, поради тоа што RSI линиите често може да се задржат над или под 80. и 20 ниво на долг временски период во текот на снажен пазарен тренд.

Што е пократок RSI период, тој е брз и повеќе сигнали ќе бидат дадени. Овде трејдерот треба да ја пронајдат својата рамнотежа.

Дневните трејдери често ќе се користат со кратки линии за повеќе кратки сигнали, а долгорочните трговци ќе користат RSI на долг период.

Bollinger bands се показатели на колебливоста или нестабилноста и се користат за идентификација на екстремен раст, или пад во моментална цена.

Bollinger bands се засновани на одреден број на стандардни девијации од движечкиот просек. Во суштина тие покажуваат на нивоата на поддршка и отпор, или распон на очекувано тргување.

Како и кај движечките процеси, овде трејдерите може да ги одберат и прилагодат движечките просеци на која основа може да се користат Bollinger bands и број на стандардни девијациа. Трговецот меже ова да го прилагоди така што времето да одговара на неговиот личен стил на тргување. Најчесто се користи 20-дневен движечки просек и две стандардни девијации од движечкиот просек.

Пробивање под или над Bollinger bands поже да покаже точка на излез или преокрет.

MACD е подобра студиа на движечките процеси и се однесува како осцилатор. MACD е разлика измеѓу 26 дневен експоненцијален движечки просек и 12 дневен експоненцијален движечки просек. Девет дневен покретен просек се користи како сигнална линиа, што значи кога MACD преминува под овој сигнал, тоа е падачки, или надолен сигнал, а кога преминува над него, тоа е сигнал на раст.

Трговците користат MACD за движење на трендот. На пример, ako MACD индикаторот порасти додека цените и понатаму паѓаат, тоа би можело да биде и излана точка и преокрет во тргувањето.

ФИБОНАЧИЕВИ БРОЕВИ

“Fibonacci”

Иако Фибоначи спаѓа во категорија на сите останата индикатори за него секогаш се говори посебно. За да успееме на Форекс пазарот најважно е да ги разберете карактеристиките на овај индикатор.

Фибоначи броеви представуваат низа од броеви, кои укажуваат на промени во трндовите, на основа на претходните врвови или падови. После значањи промени во цената, ќе дојди до тоа да цената често пофторно се задржи на оргиналниот правец. Кога ќе се вратат цените, новоата на поддршка и отпор често се на самата граница или блиску до Фибоначиеви нивоа. На пазарот на валути, најчесто користен показател е: 23.6%, 38.2%, 50% i 61,8%. Фибоначи броеви и нивоа се извлечени со спојување на линиите на трендот од значањи високи точки до значањи ниски точки. Pullback или повлекување едноставно представува корекција во трендот, а не крај на трендот. Најбитно pullbacks ниво е 38.2% i 61,8%.

ФИБОНАЧИЕВИ НИВОА (FIBONACCI RETRACEMENT)

Најчесто користен метод во техничката анализа се фибоначиеви нивоа. Со овој метод на техничката анализа се добиваат нивоата и поддршка. Овај метод е добар во одредување на краткотрајни нивоа на поддршка и отпор. Меѓутоа, има нешто помал успех на среден и на долг рок. Основната логика позади овој метод е можно откривање на промена на трендот односно на врвот и на дното на секое ниво кое е определено со Фибоначи коефициентите.

ФИБОНАЧИ ЛЕПЕЗА

Друг начин на примена на Фибоначи нивоа е Фибоначи лепеза. И кај овој метод е битно да се идентификува горна и долна точка. специфичноста на ваквиот начин на поврзување на горна и долна точка е во тоа што од една горна точка под агол се шират три линии , а не седум. Линија на дното, која представува 38,2% Фибоначиев ниво, поминува низ долна точка, а над неа се повлекува линиа на 50,0% и на 61,8%.