• Отворете демо сметка за тргување, со 100 000 виртуелни средства. Едноставно, сигурно и 100% без ризик!
    Превземете ја апликацијата Fortrade Pro Trader за iOS
    Fortrade
    Тргувајте со CFD онлајн
    Превземете ја апликацијата Fortrade Pro Trader за ANDROID
    Fortrade
    Тргувајте со CFD онлајн
  • Што е Forex?

    //Што е Forex?
    Што е Forex?2017-12-31T11:11:56+00:00
    Forex или FX пазар е скратено од два англиски збора foreign и exchange, и означува девизен пазар. Обемот на тргување на Forex пазарот изнесува 5,5 билиони дoлари, и тој претставува најликвиден и најтранспарентен пазар на светот.
    Forex пазарот не е ограничен со една локација и не постои само еден центар како што е случајот со Њујоршката берза и Белградската берза. Forex пазарот е вонберзански или Over The Counter (OTC) или меѓубанкарски пазар. На меѓубанкарскиот пазар учесниците преку вмрежени компјутери се поврзани едни со други.
    Иако е познат како пазар на кој се тргува со валути, освен со валутни парови на Forex пазарот постои можност да се тргува и со нафта, злато, сребро, и други благородни метали, светски берзански индекси и многу други финансиски инструменти. Тргувањето се одвива преку платформа, додека посредник е компанијата чија платформа ја користите.
    Foreх пазарот е најголем светски финански пазар според обемот на тргување. Дневниот обем на тргување изнесува 5,5 билиони долари, додека најголемата берза за тргување со акции, Њујоршката берза, има дневен обем од 20 милијарди долари.
    • Можност да извршувате големи трансакции со мал влог. Можете да инвестирате на неколку пазари истовремено.
    • Можете да ја ограничите загубата и добивката со поставување на Stop Loss I Limit Profit функции на Вашите налози.
    • За разлика од другите пазари кои се ограничени со работно време, Forex пазарот не е. Можете да тргувате 24 сати, 5 дена неделно.
    • На другите пазари главно се заработува кога цената расте. На Forex пазарот можете да заработите и кога курсевите и цените паѓаат.
    • На пазарите со мал број учесници и мал обем на тргување лесно се манипулира. На Forex пазарот не може да се манипулира заради големиот број инвеститори од целиот свет, неограничениот географски простор од Јапонија и Азија преку Европа до Америка, и заради големиот обем на тргување.
    • Forex пазарот е најликвидниот пазар на светот.
    Постојат основни компоненти кои се потребни за успех, и речиси сите експерти се согласуваат со тоа дека: мора да имате добро познавање на техничката и фундаменталната анализа, и да знаете да управувате со вашата сметка. Потребно е да го знаете психолошкиот аспект на тргувањето и да бидите дисциплинирани.
    Поради големиот обем на дневно тргување, невозможно е да се манипулира на Forex пазарот.
    Пазарот можете да го следите преку платформа на која ви се претставени сите финансиски иструменти со кои се тргува во реално време.
    Предноста на Forex пазарот е тоа што можете да тргувате 24 часа дневно, 5 дена неделно. Тргувањето започнува во недела, еден час пред полноќ по локално време, кога се отвора пазарот во Нов Зеланд , а потоа во Австралија, Токио, Хонг Конг, Сингапур и Дубаи. Пред затворањето на овие пазари, се отвора европскиот пазар, а пред затворањето на европскиот пазар, започнува американскиот пазар во 14:30 до 22:00. Потоа повторно се отвора пазарот во Нов Зеланд и така во круг. Голем број на податоци од САД имаат влијание на другите пазари, а тогаш има и најмногу учесници на пазарот. Од таа причина, со отворањето на американскиот пазар во 14:30, почнува периодот кога имаме најголема активност во текот на денот.
    FOREX ТРГОВИНСКИ ЦЕНТРИ ДРЖАВА ВРЕМЕ ОТВАРАЊЕ ВРЕМЕ ЗАТВОРАЊЕ
    Сиднеј Австралија 23:00 07:00
    Токиo Јапонија 01:00 09:00
    Франкфурт Германија 08:00 16:00
    Лондон Велика Британија 09:00 17:00
    Њујорк САД 14:30 22:30
    Главните учесници на Forex пазарот се банките и брокерските куќи. Индивидуалните или институционалните играчи учествуваат преку посредник. Брокерските куќи ги задоволуваат потребите на малите инвеститори, додека пак големите инвеститори имаат банкарски депозити.
    Главните учесници на Forex пазарот се банките и брокерските куќи. Индивидуалните или институционалните играчи учествуваат преку посредник. Брокерските куќи ги задоволуваат потребите на малите инвеститори, додека пак големите инвеститори имаат банкарски депозити.
    Ова се шифрите и кратенките за валутите со кои најмногу се тргува.
    ОЗНАКА ДРЖАВА ИМЕ НАДИМАК
    USD САД Долар BUCK
    EUR Европска Унија Евро FIBER
    JPY Јапонија Јен JEN
    GBP Велика Британија Фунта KABAL
    CHF Швајцарија Франк SWISSY
    CAD Канада Канадски долар LOONIE
    AUD Австралија Австралски долар AUSSIE
    NZD Нов Зеланд Новозеландски долар KIWI
    Курс е цената на валутниот пар. Првата наведена валута во валутниот пар се вика “основна валута”, а втората “контра валута”. Во валутниот пар EUR/USD основна валута е EUR а контра валута е USD.
    Секогаш постојат два броја кои се дадени после валутниот пар, првиот секогаш има помала нумеричка вредност од вториот. Ова уште еднаш може да се покаже со пример (EUR/USD – 1,2660/1,2663). Првиот број е познат како “понудена цена” или “продај”, а вториот број како “барана цена” или ”купи”. Бројот за понуди (продај) представува примарна цена по која можеме да ја продадеме главната валута, а барана (купи) е секундарна валута. Во овај случај, тоа е цената по која може да се купи EUR, а продати USD.
    Инвеститорот нема да ја продаде или купи валутата по целосна пазарна цена. Вредноста на валутата се дава со две цени: продажна (понудена) и куповна (барана). Таа разлика помеѓу двете цени се вика спред. Со други зборови, спред е добивката т.е. разликата помеѓу куповната и продажната цена.
    Лот е единица за тргување на Forex пазарот. Стандардна величина е 100.000 американски долари. Многу брокерски куќи користат минилот (10.000 долари) како основна единица, па дури и микролот (1.000 долари).
    PIP е скратеница за англискиот израз “percentage in point”. PIP е најмала единица на промена на курсот.
    Левериџ, што во превод значи ,,лост’’, е механизам кој Ви овозможува поголеми трансакции на пазарот од вашиот влог. Валутните парови генерално флуктуираат многу малку за разлика од акциите или фјучерсите, така што левериџот е многу важен за успешна инвестиција на Forex пазарот. Висок степен на левериџ е можен при тргуванје на пазарот, и тој може да работи за Вас, али исто така и против Вас. Левериџ може да доведе до голема загуба, но исто така и до голема добивка.
    Маркет мејкери или дилери се банки специјализирани во оваа работа, кои обезбедуваат продажен или куповен курс. Маркет мејкерите не воспоставуваат лична врска со клиентите, и нивна работа не е портфолио, менаџмент или посредување. Клиентите се сами должни да извршуваат трансакции. Маркет мејкерите пробуваат да обезбедат рамнотежа помеѓу понудата и побарувачката на пазарот, и водат книга на тргување.