Злато2017-12-31T11:11:28+00:00
Fortrade zlato

Златото е најбарана и најинтригантна роба помеѓу благородните метали, како инвестиционен инструмент за тргување на финансискиот пазар, а посебно како „златна резерва“ во време на криза. Всушност, златото како благороден метал во сопственост, ако нема обврска према другата страна во вредносна смисла, практично нема ризик. Меѓутоа, кога е во прашање златото во сите други облици на сопственост, не претставува инвестиција, односно инвестиционен инструмент за спекулисање. Познато е мислењето во светот дека златото е секогаш спекулација, што произлегува од фактот дека златото е една од најтргуваните роби во светот низ историјата.На многу сајтови денес се наоѓаат можности за спекулации со злато на глобалниот финансиски пазар, а еден од водечките во нашиот регион е сајтот на брокерската куќа Fortrade која на своите клиенти им овозможува да тргуваат со злато на многу едноставен начин со посредство на универзални електронски платформи за тргување на Forexмаркетот. Инаку, златото се смета како инвестиција со низок ризик, а последните десетина години бележи константен пораст на светската берза и зголемена побарувачка во робната фјучерс трговија. Меѓутоа, меѓу финансиските аналитичари постојат полемики во врска со различните пристапи на најновите случувања на глобалната финансиска сцена. Всушност, многумина уште го сметаат златото како традиционална инвестиција и советуваат да се купува златото, од друга страна постојат мислења дека златото е лоша инвестиција, односно, дека претставува „валута на стравот“. Во првиот случај се повикува на спекулантски погодности во време на економска криза која може да обезбеди заштита на имотот од девалвација на финансиските средства на долги стази.

Другите мислења се однесуваат на предупредувања дека златото треба да се третира како алтернативна валута затоа што нема неотуѓива вредност, односно дека вреди токму толку колку се спремни луѓето да платат, а на тоа секако има влијание и психолошкиот фактор на трговинската тактика и анализата на трговците. Во секој случај, фаворизирањето на благородните метали, а посебно кога е во прашање златото, секогаш е многу чувствително кога е изразен степенот на ризик во трговијата со обврзници и готови пари. Ако направиме споредба со трговијата со акции како најпопуларен начин на инвестирање, сигурно го констатираме фактот дека складираното злато не нуди приходи и дивиденда, па можноста за заработка е на другата страна, со тоа што трговијата на стоковните берзи секогаш е со зголемен интензитет во време на светската економска криза. Па така природно сеслучува златото да биде барана роба и да расте цената на златото, како другата стратешки важна роба, како што се земјоделските производи, суровата нафта и сл. Со оглед на тоа што робата како витален ресурс битно влијае на глобалната индустрија и меѓународната трговија така што движењето на вредноста на одредени валути на финансискиот пазар многу зависи одслучувањата на берзите на роба. Од наведените причини, трговците на Forex маркетот апсолутно мора да ги следат случувањата во врска со златото и да ја следат промената на цената на златото, затоа што златото влијае како сурогат валута. Исто така важно е да се анализира фактот дека златото е роба која битно влијае на јачањето и слабењето на валутите на оние земји кои го произведуваат. На пример, Австралија која е водечки светски производител на злато, па така движењето на AUD на финансискиот пазар тесно е поврзано со движењето на цената на златото. Исто така, може да се зборува за взаемна врска помеѓу тргувањето со злато и движењето на валутите на случајот на кинеското стопанство кое почива на купување на голема количина на злато, посебно ако се знае дека Кина е еден од најголемите купувачи во светот. Тоа ни зборува во прилог на фактот дека уште долго синоним за ликвидност и стабилност ќе биде токму златото.