Унца на злато

Унца на злато2017-12-31T11:11:27+00:00
Fortrade unca zlata

Во септемри 2011. година унца на злато по прв пат во историјата премина 1900 долари. Пред само десет години нејзината цена беше 270 долари. По јануарскиот пад, цената на златото повторно расте. Аналитичарите проценуваат дека историскиот рекорд од септември минатата година ќе биде достигнат и во 2013 – унца на злато ќе чини повеќе од 2000 евра. Во некои земји веќе постојат банкомати на кои за пари можете да добиете златна полуга. Златото се мери во единици SL. Освен тоа, традиционалната единица на вредност на злато е фина унца (engl. Troy Ounce, ознака оз) која добила име спрема единицата за маса која се користи во средниот век на пазарите во Францускиот град Троја. Фина унца е единица која се применува за благородните метали. Како и аптекарска унца која изнесува 31,1 грам. Вредноста на некој благороден метеријал во унци се изразува само вредноста на тој метал без евентуални примеси и нечистотии. Масата на нечистотии се одзема од вкупната маса. Иако на интернет цената на златото може да се најде изразена во евра или некоја друга валута за еден грам, треба да се нагласи дека сите службени берзански цени на златото, среброто и другите благородни метали традиционално се формираат исклучиво во американски долари за унца, додека цените се изразени во останати валути и тежинските мери се изведуваат од таа основна единица на цена.

Фина унца е историска мерка за тежина за благородните метали, еднаква е на тежина од 31,103476 грамови. Тоа важи и за златото. Освен тежината кај злато, всушност кај златните метали се мери и чистината, односно финоста. И во овој случај се користи и современа метода однос во илјадити делови  –изливак на чистота 999/1000 или скратено 999 има во себе 999 делови чисто злато и 1 дел примеси, традиционалната единица карат. 1 карат значи 1/24 злато во легура, 12 каратна легура содржи 50% злато а 24 каратното злато е чисто злато. Унца на злато веќе со векови е мерка за злато, а први почнале да ја користат старите Римјани. Унцата така цврсто се вкоренила како стандард така што златото на масовен пазар и денес по правило се одлива во различни облици (златници, златни полуги) со тежина од 31,1035 грамови, односно една унца, или во облик од пола унца (15, 551 грамови), или четвртина унца (7,7759 грамови). Пресметувањето на цената на златото преку унца на злато во грамови е мнгу едноставно. На пример, ако цената на една унца злато е 1500 американски долари, цена на еден грам изнесува 48,23 долари:

1500 долари за унца поделено со 31,1034768 е еднакво на 48,23 долари за грам злато

Или

Цената на унца злато = цена на грам злато * 31,1034768.

Доколку така добиената цена сакате да ја претворите во евра, динари или било која друга валута, потребно е добиениот износ да се помножи со моменталниот курс на доларот во однос со валутата во која го претворате износот. Со користење на оваа единствена формула, во секој момент можете да дознаете прецизна информаија за тоа по која цена се продава или купува златото во грамови и во било која светска или локална валута. Златната грозница, на глобално ниво го поедноставила купувањето на злато, а унца на злато станува се поважен поим.