Цената на златото

Цената на златото2017-12-31T11:11:28+00:00
Fortrade cena zlata

Цената на златото на глобалниот финансиски пазар се следи со посебно внимание од страна на берзанските спекуланти и стручњаци за инвестициони вложувања. Тоа произлегува од фактот дека златото, и покрај својата вредност како роба, е интересно и како алтернативна валута затоа што нема неотуѓива вреднст. Практично, цената на златото е висока толку колку купувачите се спремни да платат за златото. При тоа треба да се има во предвид дека складираното злато не носи приходи како што е тоа случај со акциите и обврниците со кои се тргува. Златото и цената на златото добиваат на свој приоритет во ситуација када е осетен степенот на ризик по вредноста на обврзниците и парите. Таа доаѓа од фактот дека вредноста на валутите е многу тесно поврзана со вредноста на робата, односно со случувањата на пазарот на добра (стоковни валути). По тоа може да се заклучи дека всушност цената на златото битно влијае на движењето на цената на валутите, а најмногу на валутите на земјите чии стопанствени движења зависат од златото како роба. Од друга страна, тргувањето на меѓународниот финансиски пазар го препознава златото како битен инвестиционен инструмент. Потоа, водечките светски валути, како австралиски долар и канадски долар, се најдуваат во корелација со цената на златото на финансискиот пазар. Покрај тоа и водечките земји на Евроазискиот континент, Кина и Индија, кои бележат брз економски раст, се повеќе купуваат злато за потребите на своето стопанство, што доведува до значајно зголемена побарувачка на злато и зголемување на цената на златото. Од големо значење е и фактот дека централните банки чуваат големи количини на злато како дел од своите резерви, па се смета дека 15 % од вкупните резерви се чуваат во злато, што претставува цифра од неколку трилиони американски долари. На тој начин и одлуките на банките за понатамошно зголемување или намалување на златните резерви имаат клучно влијание на варијабилноста на цените на валутите. Спрема наведеното, за тргување на Forex Maркетот многу е значајна корелацијата помеѓу цената на златото и цената на валутите која доста осцилира, токму од причините што цената на златото зависи од многубројни сложени фактори.

Најголема стоковна берза за тргување со златото и негови деривати е LBMA (London Bullion Market association). Пристап на овај пазар им е овозможен исклучиво на членовите на оваа асоцијација, но и на сите други заинтересирани инвеститори кои сакаат да тргуваат исклучиво со злато голема погодност им овозможува Fortrade која веќе подолго време има своја канцеларија во Белград. Всушност, со цел на врвна професионална поддршка Fortrade обезбедува комфорно тргување на три комплементарни облици на платформи, Lider Meta Trader 4, Web Trader и Lider Trader Mobile, кои се тесно специјализирани за следење на ценит на најтргуваните финансиски инструменти, како што се златото, суровата нафта, CFD, роба, берзански индекси и др. Трговците всушност имаат можност непосредно да го следат односот на робата и валутите, односно за донесување на одлуки за тргувањето на Forex пазарот мораат непосредно да бидат информирани во врска со индексот на цената на робата (CRB), а тој се состои од збир на роба која значително влијае на потенцијалниот инфлаторски притисок. Секако, помеѓу нив најважна улога имаат стратешки важните енергенти и благородните метали, а на прво место се суровата нафта и цената на златото.