• Отворете демо сметка за тргување, со 100 000 виртуелни средства. Едноставно, сигурно и 100% без ризик!
    Превземете ја апликацијата Fortrade Pro Trader за iOS
    Fortrade
    Тргувајте со CFD онлајн
    Превземете ја апликацијата Fortrade Pro Trader за ANDROID
    Fortrade
    Тргувајте со CFD онлајн
  • Валута2017-12-31T11:11:36+00:00
    Fortrade valutni derivati

    Интересирањето на обичниот граѓанин и искусниот трговец за тоа што е тоа валута и кои се нејзините карактеристики е подеднакво. За масата на луѓе кои хронично патат од незнаење на суштинската разлика помеѓу девизи и валути, не е многу битно тоа што всушност представува најважниот сегмент во разбирањето на овие два поими. Всушност, валута во пракса се препознава по два сегменти, како курентна валута и како егзотична валута. Курентните валути се наоѓаат во секодневниот оптек во одредена земја (валута на таа земја), банките ги собираат и истовремено ја исплаќаат нивната противредност во домашни пари. Егзотични валути се практично „непознати валути заради тоа што не се знае точно нивниот курс или не е познато дали се во оптек, така што тие се пресметуваат веднаш после нивната наплата, а не при примање од коминтентите“. Спрема тоа валута не е исто што и девиза, заради тоа што девизи представуваат сите краткорочни побарувања спрема странство во странска валута. Во стручната терминологија едноставно може да се каже дека девизите представуваат поширок поим поради тоа што тие ги опфаќаат и ефективните валути, односно готовите пари, па дури и злато.

    Поимот валута датира уште од старо време на Блискиот исток и средниот век кога со нив се тргувало по развојот на меѓународните односи во тргувањето. Всушност, појавата новчаница пренослива на трети лица овозможила потребна флексибилност и раст во работите на размена на валути, што низ нејзиниот понатамошен развој кулминирало во периодот на дваесетиот век со воспоставување на модерниот меѓународен пазар кој е препознатлив по периодите на зголемена волантност и релативна стабилност. Потоа, со случувањата на планот на развој на модерната технологија и информатика, современата комуникација допринела во размената и усовршувањето на валутниот пазар. Денешниот глобален финансиски пазар на валути или Форекс пазар представува најголем нецентализиран пазар. На форекс пазарот се тргува со валути и валутни парови што станала еднао од водечки работи во светот благодарејќи на високиот степен на профитабилност. Тоа што е еден од предусловите за функционирање на ваков пазар е неопходна ликвидност на валутите и free-floathing систем, односно, секоја валута да има слободно пливачко движење на парарот, спрема законот на тој пазар.

    За да една валута биде интересна за тргување таа мора да поседува одредени својств, а спрема тие својства и своите особини секоја валута се категоризира во одредена група на валути. Така се препознаваат најмногу застапуваните валути во тргувањето на Форекс пазарот како што се американскиот долар, јапонскиот јен, еврото, британската фунта, швајцарскиот франк и канадскиот долар. Наведените валути се познати како главни валути, а спрема образувањето на валутните парови кои се инструменти на тргувањето, сите валутни парови се сместуваат во три групи – основни, бројчани, и cross surrencies.

    Основна валута е првата валута во валутниот пар и таа покажува колку вреди првата валута во однос на другата валута. На Форекс пазарот американскиот долар е „главна“ валута, но со исклучок кога се во прашање британската фунта, еврото, австралискиот и новозеландскиот долар, односно во тие валутни парови американскиот долар е втора валута, бројна валута. Инаку, бројна или друга валута во било кој валутен пар често се нарекува и пипс валута поради тоа што со неа се изразува целата нереализирана добивка или загуба до завршувањето на трговинските трансакции, при што пипс е најмала единица цена за било која валута. Валутните парови во целина изразуваат со пет цифри, четири значајни децимали каде што еден пипс е еднаков на најмала промена во четвртата децимала (0,0001). Значаен исклучок има валутата јапонски јен и влутниотиот пар USD/JPY каде што овој однос е изразен во две децимали. Cross-currencies представуваат валутни парови во кои не е приклучен американски долар. Оваа група на валутни парови е изложена на голема промена на цената со оглед на сложеноста на нивната комбинација, а постојат и подгрупи како што се JPY- currencies каде спаѓаат EUR/JPY, GBP/JPY, USD/JPY, и сл.

    Инаку, формирање на валутните парови се извршува на основа карактеристики и основни особини кои имаат една, одредена валута.