• Отворете демо сметка за тргување, со 100 000 виртуелни средства. Едноставно, сигурно и 100% без ризик!
    Превземете ја апликацијата Fortrade Pro Trader за iOS
    Fortrade
    Тргувајте со CFD онлајн
    Превземете ја апликацијата Fortrade Pro Trader за ANDROID
    Fortrade
    Тргувајте со CFD онлајн
  • Валута на доларот

    Валута на доларот2017-12-31T11:11:33+00:00
    Fortrade valuta dolara

    Американскиот долар (USD – United State Dolar) и валутата на доларот се многу интересна појава на глобалниот финансиски пазар. Валутата на доларот битно влијае на општите движења на пазарот, со оглед на тоа што доларот е главна светска валута која значајно влијае на цените на другите валути. Американскиот долар станал водечка светска валута кон крајот на Втората светска војна и бил основа на Bretton Woods договорот, затоа што тогаш останатите валути биле виртуелно врзани за него. Валутата на доларот битно влијаела на финансиските прилики на повоениот свет, а денес уште повеќе, а како последица на сложените геополитички односи на светската сцена. Bretton Woods договорот кој е потпишан на 14 јули 1944 година од страна на САД, Велика Британија и Франција имал за цел валутниот пазар да се направи стабилно по пат на контрола на вредностите на државните валути, што е постигнато со обезбедување на поддршка на цените на валутите и формирање на специјално тело, Меѓународен монетарен фонд (ММФ). Основната потреба за ММФ била да се обезбеди стабилен систем за продажба и купување на валути, односно, да го направи брзо и едноставно девизното плаќање помеѓу државите. На тој начин главните валути биле врзани за американскиот долар, а валутата на доларот влијаела на тој начин што осцилацијата на другите валути била дозволена само еден посто на едната или другата страна на курсот.

    Ако некоја од валутите го премине овој опсег, мерено во единици на интервенција, каде валутата на доларот била меродавна, надлежната централна банка морала да купи или да продаде одредена количина за да ја врати во нормална положба. Освен тоа, валутата на доларот била врзана за злато и тоа 35 USD за унца злато (приближно 28 грама) и по тој факт американскиот долар станал валута на светските резерви. Во 1978 година Меѓународниот монетарен фонд ја овластил флексибилноста на валутите (free – floating of currencies) што воедно значело дека било кој може да тргува со валути, дадека нивната вредност станува функција на моменталната понуда и побарувачка на пазарот. Без оглед на тоа што тоа претставувало откажување од посебните тежишта и интервенции на кои се обрнува внимание, Централната банка на Соединетите Американски Држави продолжила со повремени реагирања за да се корегира валутата на доларот, но сега повеќе не на некои однапред одредени нивои, туку по принципите на плутачките валути. Слободното формирање на цените на валутите на меѓународниот финансиски пазар, кон што подлегнала и валутата на доларот, допринело кон поголема побарувачка за валутите како услов за подобрување на глобалното пазарно ниво. Сето тоа заедно со развојот на информатичката технологија допринело кон енормниот развој на форекс пазарот како најголем нецентрализиран пазар на светот. Инаку, валутата на доларот има големо значење на меѓународниот финансиски пазар затоа што доларот е резервна валута во многу земји во светот. Во денешно време се повеќе се користат и други резервни валути, како што се еврото и јапонскиот јен, а портфолиото на резервните валути во пракса често се менува во зависност од специфичноста на меѓународните услови. Валутата на доларот и силата на доларот се следи и со набљудување на индексот на американскиот долар (USDX – геометријски пондерисан просек на збирот на водечките странски валути во однос на доларот). Оваа метода ја практикуваат големите фондови и ја сметаат за важен параметар за формирање на став спрема доларот. Ова е многу важно затоа што на тој начин се следи ситуацијата поврзана со американското во економијата, која е и ден денес водечка економија во светот, така што силата на американското стопанство практично се прикажува на основа на параметрите со кои се опишува валутата на доларот.