Тргување со валути

Тргување со валути2017-12-31T11:11:34+00:00
Fortrade trgovina valutama

Тргувањето со валути побарува познавање на основните елементи кога се во прашање валутите и девизите. Девизите и валутите се два слични поими и во секојдневната пракса доста често ги поистоветуваат. Меѓутоа, тргувањето со валути побарува тие два поими во целина да се детерминираат, посебно доколку станува збор за тргување со валути на глобален финансиски пазар (Форекс Пазар). Не е лошо да се спомене дека тоа е и секојдневно за секој искусен трговец или банкар. Всушност, разликуваме два типови на валути, курентни валути и егзотични валути. Курентните валути се присутни во секојдневниот промет, односно, тие се во оптек во некоја одредена земја, нив банките ги откупуваат од коминтентите исплатувајќи им ја одма нивната противвредност во домашна валута. Егзотични валути се таканаречени непознатати валути заради тоа што не се знае точно нивниот курис или не се знае точно дали се во оптек и се пресметуваат после нивната наплата а не за време на примањето од комитентите. Од друга страна, девизи представуваат сите краткорочни побарување спрема странство во странска валута. Во поширока смисла, во девизи спаѓаат и ефективни валути, односно готови средства па дури и злато.

Тргувањето со валути има и долга историја, уште од средниот век, било познато на блискиот исток. Всушност, споредбено со развојот на меѓународните трговински односи и појавата на новчаници преносливи на трети лица, се развивала и трговината со валути. Меѓутоа, валутите и тргувањето со ваути имале долг развоен пат до воспоставување на денешните размери на модерен пазар кое е познато по периодите на зголемена волатилност и релативна стабилност. Пазарот на валути каков што денес ни е познат, е формиран во дваесетиот век. Меѓутоа, овде е потребно да се напомене дека современ облик на функционирање на тргување со валути добила веднаш после развојот на информатичките технологии и современото комуницирање. Тоа е , секако, како и во сите останата сектори на општествениот живот допринело до енормен развој, а посебно ако се земе во оглед масовноста во тргување на Форекс Пазарот. Глобалниот финансиски пазар на валути е најголем нецентрализиран пазар на светот на кој слободно се одвива тргувањето со валути, конкретно, се тргува со валутни парови. Покрај информатичките технологи, важно е да се напомене да еден од најважните услови е исполнет со воведувањето на free – floating – currencies, слободно пливачки ваути, така што тргувањето со валути ги следи целосно финансиските и економските случувања во светот, посебно во областа на надворешно трговскиот систем помеѓу државите. Со самото тоа, тргувањето со валути подразбира систем на слободна понуда и побарувачка која се формира исклучиво спрема економско – финансиските правила на светската економија.

Тргувањето со валути практично представува тргување со валутни парови, каде главна валута е американскиот долар, и се нарекува основна валута. Инаку, најзастапени валути на Форекс пазарот се американскиот долар, еврото, британската фунта, швајцарскиот франк, јапонскиот јен, канадскиот долар и австралискиот долар. Карактеристиките и основните поединости на секоја од наведените валути битно влијаат на пазарните прилики (посебно во периодите на зголемена волативност) на глобаниот финансиски пазар, на кој се одвива тргувањето со валути.