• Отворете демо сметка за тргување, со 100 000 виртуелни средства. Едноставно, сигурно и 100% без ризик!
    Превземете ја апликацијата Fortrade Pro Trader за iOS
    Fortrade
    Тргувајте со CFD онлајн
    Превземете ја апликацијата Fortrade Pro Trader за ANDROID
    Fortrade
    Тргувајте со CFD онлајн
  • Oдносот фунта – евро

    Oдносот фунта – евро2017-12-31T11:11:33+00:00
    Fortrade odnos funta evro

    Oдносот фунта – евро на валутниот пазар се следи во валутниот пар EUR/GBP, а припаѓа на групата cross currencies односно валутни парови кои не содржат долар. Тоа е важна одлика на овој валутен пар со оглед на тоа што се знае дека доларот е главна светска валута и дека како таков зазема многу важна улога на светскиот финансиски пазар (Forex Market). Односот евро – фунта е изложен на поголема промена на цената, токму заради тоа што припаѓа на оваа специфична група на валутни парови, што всушност значи дека имаме два USD трејдови. Практично, кога влегуваме во позиција на купување (bay) EUR/GBP еквивалентно е како да купуваме EUR/USD а продаваме GBP/USD. Она што битно го карактеризира односот на фунтата со еврото е големината на пипсот кај овој валутен пар ако се знае дека пипс е најмалата единица на цената на секоја валута, а таа се движи во варирачки износ од околу 16 USD, додека кај USD паровите изразени се тие односи како единици за 1 USD, па вредноста на пипсот секогаш е 10 USD. За трејдерите ова е многу важно затоа што добивката и загубата се изразуваат со бројот на пипсови кои се остваруваат во трговинската трансакција, што се множи со вредностите на пипсот. Односот фунта – евро, како пример за тргување на форекс, може да послужи за многу валутни парови кои не содржат американски долар, а сепак се многу атрактивни за тргување. Меѓутоа, за да се разбере подобро односот фунта – евро важно е да се познаваат основните карактеристики за секоја од овие две валути. Инаку, двете валути во форекс заземаат значајно место и постигнуваат големо внимание кај трејдерите заради тоа што нивното движење представува однос на стопанствата на двете земји кои важат за водечки во европската заедница.

    Освен тоа, британската фунта до втората светска војна била референтна валута, а благодарејќи им на телекс машините кои се користеле за пренос на податоци во тргувањето, го добила името cable (Kabеl) кој е популарен и ден денес. Британската фунта на Форекс најчесто се тргува во однос со доларот (GBP/USD), но исто така чест е и односот евро – фунта, во однос со некоја друга валута. После појавувањето на еврото Британската централна банка пробала да ги приближи високите каматни стапки кон ниските стапки во еврозоната, што има значајно влијание на односот на фунтата и еврото, но и на понатамошното движење на британската фунта на форекс пазарот. Главната карактеристика на еврото с е состои во тоа што еврото е смислено да стане главна валута во тргувањето на тој начин што е котирано по американски услови. Инаку еврото го карактеризира јако интернационално присуство заблагодаруваќи им се на земјите членки на Европската монетарна унија, но и покрај тоа, еврото доста брзо се најде под негативно вилјание на нееднаквоста на растот, невработеноста и структуралните промени во внатрешноста на евро зоната. Карактеристичноста на еврото како валута посебно е втемелена на државитеод кои се трговински партнери на еврозоната, односно, преку нивните взаемни трговски односи. Во секој случај, за тргување со еврото е од пресудно значење неговите партнери да се во тргувањето на глобалната економија во свет, а тоа многу значи при проектирање на резултатите во тргувањето со оваа валута. Еврото најмногу се тргува во однос со американскиот долар (валутен пар EUR/USD), потоа со јапонскиот јен (EUR/JPY, и овај валутен пар припаѓа во валутните парови наречени JPY CROSSES), а посебно е интересен и валутниот пар ЕUR/GBP за трговците на форекс пазарот. Посебноста е најбитна во смисла дека постојат чести периоди на зголемена волатилност со големи дневни осцилации на цената на овој валутен пар, што се смета за еден од основните облици кои ги има односот на евро – фунта.