• Отворете демо сметка за тргување, со 100 000 виртуелни средства. Едноставно, сигурно и 100% без ризик!
    Превземете ја апликацијата Fortrade Pro Trader за iOS
    Fortrade
    Тргувајте со CFD онлајн
    Превземете ја апликацијата Fortrade Pro Trader за ANDROID
    Fortrade
    Тргувајте со CFD онлајн
  • Курсот на еврото

    Курсот на еврото2017-12-31T11:11:34+00:00
    Fortrade kurs evra

    Курсот на еврото спаѓа во доменот на вести кои ги следиме секојдневно и за кои со право веруваме дека имаат непосредно влијание на квалитетот на нашиот живот. Во време на глобализација и сеопшта економска поврзаност, сите движења на парите на светскиот пазар непосредно влијааат на секој човек каде и да се наоѓа на планетата, што секако важи и за Македонија. Во Македонија го гледаме односот евро и денар, додека глобално воглавно се следи курсот на еврото во однос на доларот или EUR/USD. Во првиот пример се работи за односто кој еврото го има на домашната валута, а другиот пример ни е интересен заради фактот дека доларот е главна светска валута. Сите земји во современиот свет се повеќе или помалку економски упатени една на друга и се наоѓаат во меѓусебна економска зависност така што целта на секоја од нив е да има развиено стопанство, пожелно во сите сектори (земјоделство, индустрија, банкарство итн.). За да биде конкурентно нашето стопанство мора да разбереме дека меѓу најважните фактори спаѓа нашето девизно и надворешно тргување.

    Добро коордираната девизна политика и девизниот систем влијаат на квалитетот на животот на секој од нас како поединец, како и на општеството во целост. Тоа повлекува ланчани реакции, каде како една од најважните цели се смета економскиот и стопанскиот развој на земјата и стандардот на општеството. Во светот постојат разни показатели на животниот стандард, од BigMac индексот, кој во лондонското списание The Economist се користи од 1986 година, а базиран е на еден од најстарите концепти на меѓународната економија, паритетот на куповната моќ, до Gini индексот, кој ја мери разликата на куповната моќ помеѓу најбогатите и најсиромашните. Иако постојат разни системи на утврдување на квалитетот на животот и мерењето на животниот стандард, курсот на еврото и понатаму претставува еден од најважните показатели. Грчкиот дефицит, како и оној во Португалија, Италија, Ирска и Шпанија се одразил на вредноста на еврото, кој е најнизок во однос на доларот во последните шест месеци. Еврото се соочува со најозбилниот тест од кога Европската унија вовела единствена валута пред 11 години во моментот кога Европската комисија и Европската централна банка (ЕСВ) пробуваат да најдат излез од кризата во која западнале 5 од 16 членови на еврозоната. Тешко е да се прогнозираат последиците кои ќе ги има еврозоната заради дефицитот на одредени држави.

    Курсот на еврото се формира на меѓународниот девизен пазар каде банките купуваат или продаваат девизи една од други. Неговата стабилност е од голема важност за инвеститорите. Ова е посебно важно за сите оние кои се одлучуваат да тргуваат со девизи на форекс. Во однос на другите важни светски валути еврото има големо значење о меѓународниот систем на плаќање, па како најзначаен се анализира во односите EUR/USD, EUR/GBP, EUR/JPY, итн. Денот на меѓубанкарскиот девизен пазар трае од 9 до 16 часот. Дневно се објавува курсот на доларот, швајцарскиот франк и еврото како најбарани валути.