Конвертирање на валути

////Конвертирање на валути
Конвертирање на валути2017-12-31T11:11:32+00:00
Fortrade konvertovanje valuta

Отвореноста на светските економии во поново време е се повеќе присутна во правна смисла па конвертирањетo на валути со самото тоа е многу важна категорија за надворешно трговските односи помеѓу земјата и регионот. Инаку, надворешно трговските односи не спаѓаат во најважните сегменти на модерната финансиска наука точно заради комплексните односи на различните економии во светот кои не можат самостално да опстанат без взаемна соработка и меѓусебна поврзаност. Комплементарноста на различните економии условила усовремување на финансиските државни политики како во развиените земји, така и во земјите во развој, како и тоа дека категориите како што се девизен курас, конвертирање на валути, управување со девизни трансакции и слично, станаа многу актуелни. Светската економска сцена будно ги следи сложените текови на пари и капитал по пат на системи и инструментални плаќања, каде конвертирањето на валути има многу важна улога. Промената на девизните курсеви и каматните стапки на маѓународниот финансиски пазар е од витална важност и тоа пред се во областа на политиката на увоз и извоз на роба и капитал, каде посебно внимание се насочува на разните системи на плаќање, курсниот ризик и ризикот на камата, промената на даночните стапки како и плаќањето на инфлаторските ризици кои влијаат на девизниот курс и конвертирањето на валути. Причините за зголемено влијание во набљудувањето на наведените елементи на надворешно трговинската политика лежи во фактот дека задолжувањето во странство и отежнатиот пристап на светскиот пазар на пари и капитал има големо влијание во политиката на увоз и извоз на секоја земја во светот, без разлика.

Всушност глобалниот финансиски пазар е многу жив и во одредени моменти многу активен што се манифестира со појачана волативност на пазарот, а со самото тоа е и интересен за инвеститорите и трговците на сите нивоа. Осовремување на светските економски токови и глобалната финансиска сцена поставува во прв план девизниот курс и конвертирањето на валутите како главни носители на шпекулацијата и манипулирањето во надворешно – трговските односи на земјите. Порано е применуван единствен девизен курс заменет е со примена на различни девизни курсеви, односно се применува флексибилно конвертирање на валути, што допринесува до подобрување на условите за увоз и извоз како ведечка категорија на надворешно трговската политика на секоја земја. Современиот начин на функционирање на финансиското работење се применува на повеќе видови на девизни курсеви: стабилен или фиксен девизен курс, флуктирачки и флексибилен девизен курс, управувачко флуктуирачки курсеви, а спрема тоа се врши и конвертирање на валути. Тој процес го  следи појавата на депресијација и апресијација на девизниот курс, каде што под депресијација се подразбира желба за подобруање на односите на платниот биланс (метода на потценување на домашната валута, со цел на странскиот купец да му се направи евтина домашната роба). Оваа појава се објаснува како стимулација на извозот додека кај политиката на апресијација се појавува обратен ефект односно се прави стимулација на увозот. Инаку конвертирањето на валути по реален девизен курс го изедначува општото ниво на цени во земјата со општото ниво на цени во странство, а се изведува од односот на девизниот курс кој се формира на девизниот пазар и курс кој се формира спрема паритетот на куповните сили на две или повеќе стопанства. Со овој и слични проблеми се занимава монетарната политика на секоја земја. Главни нејзини инструменти се претворање на еден долг во друг по поволни услови, промена на интересните стапки како и промена на каматните стапки на девизниот курс што секако е во дометот на конвертирање на валути.