• Отворете демо сметка за тргување, со 100 000 виртуелни средства. Едноставно, сигурно и 100% без ризик!
    Превземете ја апликацијата Fortrade Pro Trader за iOS
    Fortrade
    Тргувајте со CFD онлајн
    Превземете ја апликацијата Fortrade Pro Trader за ANDROID
    Fortrade
    Тргувајте со CFD онлајн
  • Девизен курс

    Девизен курс2017-12-31T11:11:35+00:00
    Fortrade devizni kurs

    Девизниот курс по дефиниција претставува цена на валутата која е изразена во домашни пари, што практично значи дека девизниот курс покажува колку единици на домашна валута треба да се платат за една или сто странски валути. Девизниот курс најчесто се изразува како цена на странските валути или како курс на валутите и како таков најчесто се користи. На таков начин се изразува и карактеристичноста која ја има странската валута во однос на домашната, каде домашните пари на домашниот пазар претставуваат само мера, вредност или мерило на цените со кои се изразува цената на одредена роба. Тоа значи дека домашните пари на домашниот пазар не се роба, додека странските пари на домашниот пазар се роба како и секоја друга, а девизниот курс, всушност ја претставува нивната цена. Посебноста по која е карактеристичен девизниот курс е таа што странската валута како специфична роба истовремено претставува мерило на цените во земјата која ги емитирала тие пари. Од тоа произлегува логичноста дека девизниот курс во смисла на формирање на цената на одредена валута (курс на валутата) има значително влијание на валутата во однос на понудата и побарувачката. Исто така тесно е поврзана и категоријата на одговарачкиот праметар на економската политика на земјата која ја емитирала таа валута со движењето на девизниот курс. Всушност, при формирањето на девизниот курс на валутата се практикува принципот, понудата на странската валута доаѓа од извозот, а побарувачката за странската валута доаѓа од увозот. Поточно кажано, девизниот курс се формира со примена на платно билансниот метод, затоа што понудата и побарувачката на странска валута, всушност, доаѓа од платниот биланс на една земја, односно, кога се формираат курсеви на валутите ја имаме следната ситуација – ако платниот биланс тежи кон суфицит, девизниот курс на валутата ќе има тенденција на пад (заради зголемената понуда на девизи), додека во спротивно, ако платниот биланс тежи кон дефицит, тогаш девизниот курс на странската валута ќе покаже тенденција на раст (зголемена побарувачка на девизи).

    Девизниот курс или курсот на валути има значајна улога во меѓународниот платен промет затоа што плаќањата се вршат помеѓу резидентите на двете земји, што е природен тек на случувањата ако се знае дека по правило плаќањата се вршат по валутата на продавачот, а купувачот за својата валута треба да купи валути за да може да ја плати робата која ја купил. Секако, пред да се пристапи кон извршувањето на економско – финансиската трансакција, потребно е да се знае односот по кој се врши претворањето на една национална валута во друга. Девизниот курс се формира на повеќе начини:

    • Системот на фиксни девизни курсеви каде фиксниот износ одговара на односот на дадените валути спрема еднаквиот конвенцијален заеднички именител;
    • Системот на паритети на куповните сили каде релативно фиксниот износ одговара на односите на куповните сили на странските и домашните пари;
    • Системот на флуктуирачки курсеви на валутите каде варијабилниот износ одговара на однсот на понудата и побарувачката на странската валута.

    Девизниот курс или курсот на валути својата примена ја наоѓа во тргувањето со валути на меѓународниот финансиски пазар, Форекс маркетот, што е последица на примената на системот на флуктуирачки девизни курсеви познат по името free – floating of currencies. Ова е воедно и еден од предусловите за функционирањето на Форекс како нецентрализиран пазар, каде се врши слободно пазарно формирање на цените на валутите, односно каде се применува флуктуирачкиот девизен курс.