• Отворете демо сметка за тргување, со 100 000 виртуелни средства. Едноставно, сигурно и 100% без ризик!
    Превземете ја апликацијата Fortrade Pro Trader за iOS
    Fortrade
    Тргувајте со CFD онлајн
    Превземете ја апликацијата Fortrade Pro Trader за ANDROID
    Fortrade
    Тргувајте со CFD онлајн
  • Сурова нафта

    Сурова нафта2017-12-31T11:11:23+00:00
    Fortrade sirova nafta

    Суровата нафта спаѓа во стратешки важните суровини во светот на која во голема мера влијаат поместувањата во односите на силите на макроекономскиот план. Може да се каже дека тој однос е реципрочен, взаемно многу тесно поврзан, во смисла дека геополитичките односи во светот поприлично зависат, но и директно влијаат на овој енергент. Всушност, цената на суровата нафта, како и експлоатацијата на суровата нафта битно ја одредуваат силниот развој на економијата во светот, а во последно време земјите од т.н. третиот свет (Кина, Јужна Кореја и Индија) каде се бележи зголемена побарувачка за сурова нафта. Ако сигурно се знае податокот дека поприлично се исцрпени изворите на сурова нафта во светот, побарувачката за сурова нафта и движењето на нејзината цена на пазарот предизвикуваат големо внимание кај стручњаците од областа на економијата и финансиите, но и кај сите поголеми гранки на науката и стопанството. Освен тоа, се повеќе во центарот на интересирањето се наоѓаат научните пронајдоци кои би обезбедиле некои од алтернативните извори на енергија, а се со цел да се избегне во блиска иднина проблемот во врска со недостатокот на суровата нафта. Меѓутоа, важно е да се истакне дека на движењето на цената на суровата нафта на глобалниот финансиски пазар, покрај пазарните односи на понуда и побарувачка влијае и низа на непазарни причини од кои политиката има најважна улога. Во секој случај, на светскиот пазар се бележи постојана побарувачка и раст на цената на суровата нафта на што најмногу влијаат Федералните резерви на САД и земјите на ОЕЦД како и наглиот развој на економијата на Русија на база на овој важен енергенс. Значи, суровата нафта во светот бележи постојана побарувачка која се очекува и следните години, а тоа природно го следи наглиот раст на цената и другите проблеми врзани за производството  на суровата нафта.

    Покрај геополитичките односи, непазарните и пазарните прилики кои влијаат на еден од најважните стратешки енергенси, суровата нафта и нејзината експлоатација проблемот го наоѓаат во недостатокот на слатка лесна нафта на пазарот. Sweet light oil е категорија на нафта во која спаѓаат американската слатка нафта, суровата нафта од наоѓалиштата на Северното море, како и дел од нафтата од Блискиот Исток, Африка и Венецуела. Всушност, слатката лесна нафта има поевтино производство и преработка со оглед на то што се наоѓа на помали длабочини. Меѓутоа, недостатокот на овој вид на нафта во светот тежи да се премине со користење на други типови од наоѓалиштата на суровата нафта, пред се од земјите на поранешниот Советски Сојуз, каде кон крајот на минатиот век се откриени бројни наоѓалишта со огромна количина на сурова нафта, но многу слабо искористена заради недостатокот на средства за експлоатација и преработка. На пример, во поранешниот Советски сојуз годишното производство на сурова нафта се движело во износ до милион тони, додека развојот на управата на државите кои се формирале на таа територија, пред се Русија, довел до ненадеен развој на производството до повеќе десетини милиони тони на годишно ниво. Пропорционално со зголемувањето на експлоатацијата, се уредуваат и пооштруваат даночните закони, законите за заштита на животната средина и слично што го следи производството и побарувачката за енергент каков што е суровата нафта, а тоа природно ги зголемува трошоците за истражување и вкупниот процес на производство. Од се до сега наведено произлегува јасен заклучок дека цената која ја бележи суровата нафта на глобалниот финансиски пазар е во постојан пораст, со тенденција дека не можат да се очекуваат битни поевтинувања во поскоро време. На тоа му придонесуваат и спекулативните однесувања на инвестиционите фондови кои инвестираат на пазарот на суровата нафта. Освен тоа, потенцијалните резерви на нафта се наоѓаат на големи длабочини, па со самото тоа експлоатацијата е очекувано поскапа, така што суровата нафта своето производство и дистрибуција ги базира на многу скапи технологии и производни процеси. Досегашните истражувања во светот дале податоци дека преостанатите лежишта се наоѓаат на длабочини од 3500 метри на копното, а во вода се на длабочина од 2500 метри и дека лежиштата се во морето и во арктичкото подрачје каде е вечен лед. Освен тоа, тие идни нафти нема да бидат слатки лесни, туку нафти со многу штетни примеси, како сулфур, СО2 и слично, што исто така ги зголемува трошоците за производство. Голем потенцијал на идните резерви претставуваат и неконвенционалните извори, како што се нафтниот песок и нафтниот тар, кај нас познати како маслени шкрилци. Истражувањата и припремата за производство на ваквите наоѓалишта чини и повеќе од неколку десетини милијарди долари, а преработката и рафинацијата на нафтата со задоволувачки квалитет претставува долготраен и скап процес, а посебно ако се земе во оглед дека трошоците за рафинација кај така скапите процеси се субвенционираат директно од производството, што доведува до зголемување на цените по кои во иднина ќе се нуди суровата нафта.