• Отворете демо сметка за тргување, со 100 000 виртуелни средства. Едноставно, сигурно и 100% без ризик!
    Превземете ја апликацијата Fortrade Pro Trader за iOS
    Fortrade
    Тргувајте со CFD онлајн
    Превземете ја апликацијата Fortrade Pro Trader за ANDROID
    Fortrade
    Тргувајте со CFD онлајн
  • Цена на барел нафта

    Цена на барел нафта2017-12-31T11:11:23+00:00

    Високата цена на барел нафта, која е забележана после актуелните случувања во светот, не е резултат само на пазарните односи на понудата и побарувачката, туку е последица на непазарни причини каде политиката има најважна улога. Токму од тие причини се смета дека цената на барел нафта е многу осетлива категорија, на која влијаат бројни фактори како што се начинот и количината на транспортот, физичките карактеристики на суровата нафта, нафтоводите како најевтини облици на транспорт, танкерскиот превоз и танкерското транзитно време и.т.н. Меѓународната политика и геополитичката слика на светот битно се рефлектира на сите аспекти кои се во врска со производството и експлоатацијата на суровата нафта, додека цената на барел нафта секако подлегнува на влијанијата на политичките прилики. Со оглед на тоа, како и на енормниот економски развој на поедини земји во светот, скоро дека е извесно дека повеќе нема да има евтина нафта, како важен енергент за развој на стопанството  и современата технологија. Освен тоа, потенцијалните ресурси за производство на нафта се наоѓаат во неприступачни области (на големи длабочини во копното, морето и арктичкото подрачје) каде условите за експлоатација се отежнати и значително ги зголемуваат трошоците за производство и дистрибуција. Аналитичарите кои го следат пазарот на нафта, ги следат исто така и останатите параметри кои условуваат да се достигне висока цена за барел нафта. Една од поледиците се согледува во спекулативното однесување на инвестиционите фондови кои инвестираат на пазарот на нафта, што сепак сака подробно следење и подлабока анализа.  Она што може да се заклучи, без оглед на вистинскиот или спекулативниот раст на цената на суровата нафта, е дека се многу извесни и нестабилностите на цената на барел нафта.

    Инаку, цената на барел нафта ($/bbl /APIbarel =42 галони, 158,98 литри, 60°F) на светскиот пазар е повеќеструко зголемена во периодот после 2000 година до денес. После случувањата кои во светот се познати како „арапска пролет“, конкретно, политичките немири во Египет и Либија, на почетокот на 2011 година е забележан скок во цената на барел нафта и достигнала вредност за Brent Oil од 50 долари/ bbl, прв пат од октомври 2008 година, кога во јули е достигната највисока цена за барел нафта од 145 долари. Всушност, долгогодишното следење на цената на барел нафта на светскиот пазар покажало дека се до 1972 година бил воспоставен висок ниво на стабилност на цената на нафтата, кога цената на барел нафта доживеала значаен пад, после што следеле перманентни зголемувања на цената на нафтата на пазарот. Предвидувањата кои покажуваат дека во блиска иднина производството на нафта ќе го достигне својот врв, односно дека постои опасност дека до 2050 година ќе дојде до исцрпување на сите светски залихи до сега откриени, додатно би можеле да доведат до нагли и значајни поскапувања. Во таа смисла се прават напори во светското стопанство за да се избегне криза со огромни последици и размери со понатамошно зголемување на цената на барел нафта, па се повеќе се прибегнува кон зголемена употреба на другите извори на енергија, како што се нуклеарната енергија, енергијата на ветерот и водата. Побарувачката за нафта воглавно зависи од макроекономските услови, а Меѓународната агенција за енергетика предупредува на големо негативно влијание на глобалниот стопански раст кој секако има висока цена за барел нафта.