Што е Forex?

Што е Forex?2017-12-31T11:11:30+00:00
Fortrade šta je Forex

Forex е најголем светски пазар. Зборот Forex е скратено од Foreign Exchange Market, односно пазар на валути. Покрај името Forex во употреба се уште и „FX“, „Retail forex“, „Spot FX“.Forex е денес најголем финансиски пазар на светот, со дневен промет од преку 5,5 билиони USD. Ради споредба, њујоршката берза дневно има промет од 25 милијарди USD.

Предмет на тргување на Forex се пари. Forex тргувањето претставува купување на една валута и истовремено продажба на некоја друга валута, а добивката се стекнува со промена на курсот. Целта е да се купи валутата чија вредност ќе расте или да се продаде онаа валута чиј пад на вредноста го очекуваме. Валутите со кои се тргува се наоѓаат во парови. Секој пар се состои од две валути. Првата валута се вика основна валута (base currency), а втората валута се вика контра валута (quote currency). Најпознатиот пар е EUR/USD, каде основна валута е EUR, а контра валута – USD. Секако, можете да тргувате со низа на други парови кои се состојат од валути на различни држави (Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Швајцарија…).

Освен со валутни парови, на Forex може да се тргува и со нафта, злато, сребро и други благородни метали, светски берзански индекси и многу други финансиски инструменти. За разлика од другите берзи, Forex нема свое физичко седиште. Тој постои во електронската мрежа која ја чинат големи финансиски институции. Трансакциите се вршат директно помеѓу две страни, по пат на телефон или преку електронска мрежа. Forex е „ОТС“ или меѓубанкарски пазар, што значи дека трговијата е децентрализирана. Можно е да се тргува скоро нон – стоп. Тргувањето се врши електронски, преку банкарска мрежа 24 часа дневно, 5 дена во неделата. Со развојот на интернетот Forex е отворен за сите претпријатија, инвестициони менаџери, како и за физички лица.

Forex пазарот се отвора (по средноевропско време, т.е. по наше време) во 23 часот во недела, а се затвора во петок во 23 часот. Во текот на денот постојат неколку сезони кои се поклопуваат со работното времена најголемите берзи:

  • Лондон, почнува во 9:00 часот по средноевропско време
  • Њујорк, 14:00 часот
  • Сиднеј, 23:00 часот
  • Токио. 1:00 часот

Forex тргувањето е најважно за време на Лондонската и Њујоршката сезона која се случуваат најважните промени во вредностите на валутите.

До 1990 – та година само тајкуните можеле да тргуваат на Forex. Почетното инвестирање барало преку 10 милиони USD. Денес е сосема поинаку. Појавата и развојот на интернетот овозможува пристап до Forex тргувањето на мали инвеститори, т.е. на обичните луѓе.

Денес можете да почнете со тргување и со сметка од само 100 USD. Тоа одвај може да ја покрие провизијата за отворање на сметка на другите финансиски пазари. Се што Ви треба е компјутер, добра интернет врска и информации. На Forex нема трошоци за тргување, провизија, прикриени трошоци, трошоци за брокерот – всушност нема трошоци воопшто! Посредникот ја прави својата заработувачка преку разликата помеѓу куповната и продажната цена. Заради својата величина Forex е многу ликвиден – секогаш има купувачи и продавачи на валутите, па во секое време можете да продадете или купите некоја валута.