• Отворете демо сметка за тргување, со 100 000 виртуелни средства. Едноставно, сигурно и 100% без ризик!
    Превземете ја апликацијата Fortrade Pro Trader за iOS
    Fortrade
    Тргувајте со CFD онлајн
    Превземете ја апликацијата Fortrade Pro Trader за ANDROID
    Fortrade
    Тргувајте со CFD онлајн
  • Форекс

    Форекс2017-12-31T11:11:29+00:00
    Fortrade Forex

    Forex е најголем нецентрализиран финансиски пазар на светот. Форекс е интернационална скратеница од англискиот назив Foreign Exchange Market. Во употреба се и скратениците FX, kako и имињата Retail Forec или FXSpot. Форекс пазарот има обем на тргување повеќе од три трилиони долари на ден. Наглиот развој на овај пазар започнал од воведувањето на слободно пливачките валути (free floathing currencies), а огромни размери достигнало со огромната примена на интернет технологијата. Форекс се одликува со брза примена со големи осцилации што донесува големи профити, со тоа што секогаш треба да се има во предвид дека  исто така се можни и големи загуби. Форекс подразбира истовремено купување на една валута и продажба на друга, така што на форекс пазарот заправо се тргува со валутни парови, а најпрецизно тоа значи дека на овој пазар се тргува со пари. Инаку, многу е важно дека Форекс се одликува со викоска ликвидност и волативност, а причина за тоа е степенот на флуктуација на цената на валутата на одреден временски период. Практично во секој момент трговецот има кому да продаде, односно од кого да купи одредена валута и тоа во период од 24 часа дневно, секој работен ден. Форекс пазарот работи од понеделник до петок. Покрај наведеното главни карактеристики кои допринеле до спектакуларен развој на Форекс пазарот се променливост на каматните стапки, пораст на корпоративното учество, развој на комуникациските системи, развој на компјутерската технологија и тн. Главни актери на форекс пазарот се комерцијалните и инвестиционите банки, инвестиционите фондови и големите корпорации, а се повеќе и трејдерите инвидуалци кои тргуваат на овој пазар. Форекс пазарот како основна светска валута го користи американскиот долар, но се повеќе се во употреба и еврото и јенот. Овие две валути се воедно и најтргуваните, а покрај нив се тргува и со британска фунта, канадски долар, швајцарски франк и австралиски долар.

    Освен со валутни парови на Форекс се тргува и со други инвестициони инструменти како што се нафта, благородни метали, акции на големи компании и сл. Во таа смисла на меѓубанкарскиот пазар главни работи се меѓународните трансакции, што за последица има глобално натпреварување во валутни курсеви. Важен е фактот, дека без оглед на брзиот развој кој е евидентен, како и омасовувањето на овај тип на тргување, банките и понатаму имаат додатна улога на полето кое претставува Форекс. Вредноста на валутата на пазарот се одредува од односот на понудата и побарувачката, што го потврдува фактот дека форекс тргувањето се одвива во склад со надворешно – трговските односи помеѓу државите, каде што најголемо влијание имаат централните банки.  Преку историјата се знае дека најголемите случувања кои допринеле за масовност на форекс пазарот, се оние од глобалниот – финансиски домен, како потпишувањето на Breteon Woods договорот, формирањето на Меѓународниот монетарн фонд (IMF), сознавањето на девизните резерви, формирањето на Европската монетарната унија и европскиот монетар фонд, воведувањето на еврото како валута и слично. Секако треба да се истакне дека форекс тргувањето порано се одвивало исклучително во меѓубанкарскиот сектор, но благодарејќи на  интернетот и на унапредувањето на финансискиот сектор во глобална смисла, станало достапно за широкиот аудиториум. Форекс, значи, ги има сите елементи на современото работење со тенденција на понатамошен развој. Инаку, основните карактеристики кои ги има форекс тргувањето се гледаат во зголемената осетливост на големиот број на фактори кои стално се менуваат, приступачноста на сите трејдери (за големи и мали инвеститори), гарантираната количина и ликвидноста на главните валути, работното време 24/5, а како најважно е екстремно големата продуктивност во однос на сите други пазари. Практично, ни еден пазар на светот не може да се спореди во поглед на можното остварување на профитот кој го има форекс.