• Отворете демо сметка за тргување, со 100 000 виртуелни средства. Едноставно, сигурно и 100% без ризик!
    Превземете ја апликацијата Fortrade Pro Trader за iOS
    Fortrade
    Тргувајте со CFD онлајн
    Превземете ја апликацијата Fortrade Pro Trader за ANDROID
    Fortrade
    Тргувајте со CFD онлајн
  • Форекс тргување

    ////Форекс тргување
    Форекс тргување2017-12-31T11:11:29+00:00
    Fortrade Forex trgovina

    Форекс тргувањето забрзано се развивало во последните децении, а посебно со воведувањето на слободно пливачките валути. Всушност, од 1978. година, од страна на Меѓународниот монетарен фонд, овластена е влексибилност на валутите (free-floating currencies) што значи дека со валутата може да тргува било кој и дека нејзината вредност се одредува од моменталната понуда и побарувачка на пазарот. Форекс тргувањето се развивало паралелно со напредокот на општеството, надворешно – економските односи меѓу државите и др., и како најважни случувања кои довеле до омасовнување на овај вид на трговина се: потпишување на Breton Woods договорот, формирање на Меѓународниот монетарен фонд (IMF), создавање на девизни резерви, формирање на Европската монетарна унија и Европскиот монетарен фонд, како и воведување на еврото како валута.

    Форекс тргувањето какво што го познаваме денес посебно добило на својата масовност и популарност заблагодаруваќи им на информатичката технологија која го унапредила овој значаен сектор како и многу општествени активности. Посебно треба да се истакне и фактот дека форекс тргувањето, кое порано се одвивало во внатрешноста на меѓубанкарскиот сектор, заблагодаруваќи на интернет комуникацијата и унапредувањето на глобалниот финансиски сектор постана достапна за сите кои работат со компјутер и имаат инвеститорски амбиции. Практично, форекс тргувањето ги има сите елементи на современо работење со тенденција во чекор да ги следи иноваторските проекти. Основите елементи кои ги има форекс тргувањето се огледуваат во следново: зголемена осетливост на голем број на фактори кои постојано се менуваат, пристапност за сите трејдери (главна валута и многу други инвестициони елементи), гарантирана количина и ликвидност на главните валути, постојано работно време, што е последица и можност за тргување со различни валути, како и ектремно голема продуктивност во однос со другите пазари и сл.

    Форекс тргувањето, во суштина представува тргување со пари, со тоа што се карактеризира со истовремено купување на една валута и продажба на друга валута на пазарот. Тоа, во практична смисла, значи дека форекс тргувањето подразбира тргување со валутни парови. Сите валутни парови содржат основна валута од валутниот пар (тоа е првата валута во валутниот пар) и бројна валута (тоа е втората валута во валутниот пар), со тоа што форекс тргувањето се одвива во однос на американскиот долар, кој се нарекува главна валута или основна валута. Тргувањето на форекс пазарот се одвива со посредство на брокер, слично како и на било која берза. Форекс  тргувањето е инвестирање каде основен инвестициски инструмент се парите, со тоа што не постои физичко место на кое се извршува тргувањето, како на пример Њујоршката берза. Форекс пазарот нема физичка локација (седиште), а нема ни центар на размена. Затоа форекс тргувањето се одвива по принципот на нецентрализиран пазар, додека вредноста на една валута во однос на валутниот пар е одраз на состојбата на стопанството на земјата и регионот кој ја поседува таа валута. Спрема тоа, без оглед на фактичката состојба на вредноста на валутата во смисла на ојакнување или слабеење на одредена валута, за форекс тргувањето од витално значење е променливоста на цената на валутите  во односот на другите валути на пазарот. Тоа во основа е битен елемент на чија основа се заснова функционирањето на форекс пазарот.  Освен тоа, флексибилноста на валутите сукцесивно обезбедува ликвидност и волатилност на пазарот, која на моменти постигнува голема подвижност на пазарот. Спрема фактот дека пазарот на валути е многу осетлив на сите промени кои се од економско – политичка природа, како и на сите битни случувања во светот, високата волатилност може да биде честа појава што доведува до големи осцилации во движењето на цената, а со самото тоа се пружа прилика за остварување на големите профити. Ова посебно се однесува на движењето на вредностите на главните валути, кои воедно се најзастапени на меѓународниот финансиски пазар, па разбирливо е и тоа што во големиот број на случаи на нив се потпира со добар дел целокупната форекс трговија.