Тргување со акции

////Тргување со акции
Тргување со акции 2017-12-31T11:11:26+00:00
Fortrade trgovanje akcijama

Тргување со акции и обврзници, односно хартии од вредност се извршува на берза. Берза е место на кое се сретнуваат понудата и побарувачката, на која основа се одредува пазарната цена на хартијата од вредност со која се тргува. Нејзината улога е да обезбеди услови за рамноправност на учесниците во тргувањето. Доколку се определите да тргувате со акции, неопходно е да склучите договор за посредување со брокерско – дилерско друштво, член на берзата. Брокерот ќе ве запознае со процедурите за тргување и меѓусебните правила и обврски. Потребно е да отворите наменска сметка кај банката која е член на централниот регистар HOV, така по извршеното тргување парите да можат да се префрлат од сметката на купувачот на сметката на продавачот. Истовремено, брокерот е должен да Ви отвори во централен регистар и сопственичка сметка на хартии така што после тргувањето хартиите би се пренеле од сметката на продавачот на сопственичката смета на купувачот. Основно правило за тргување со акции е никогаш да не вложите повеќе од она што можете да го изгубите.

Постојат две основни врсти на акции – обични (редовни) и преференцијални (повластени). Основна разлика помеѓу нив е во делот кој се однесува на правото за управување, а кое прописно е одредено со законска регулатива. Акција представува сопственичка хартија од вредност која означува дел од капитал (сопственост) на компанијата. Секој сопственик на некоја акција од компанија, всушност е и сопственик на дел од таа компанија, пропорционално со бројот на акции кои ги поседува. Една од најбитните работи за успешно тргување со акции е согледување на разликата помеѓу номиналната, книговодствената и пазарната вредност на акцијата. Номинална вредност на акцијата претставува вредност која акцијата ја добива во моментот на издавање и како таква таа е непроменета. Книговодствената вредност на акцијата претставува однос на книговодствената вредност на капиталот и вкупниот број на емитирани акции, а се променува во зависност од промените во вредноста на капиталот. Пазарна врендост на акцијата се променува независно од номиналната и книговодствената вредност и претставува однос помеѓу понудата и побарувачката во одреден момент на пазарот. Пазарната вредност на акциите делува на акционерите и на сите одлуки кои тие ќе ги донесат во тргувањето со акции.

Критериумите за тргување со акции зависат од повеќе критериуми. Прв и основен е големината на компанијата. Поголем број на инвеститори вложуваат во веќе познати и втемелени компании. Инвестирањето во нив претставува извесна сигурност, со голема дивиденда. Доколку купите акции од тие компании кога се евтини голема е можноста да заработите профит. Пробелемот е во тоа што овие акции се веќе развиени и нивните акции се скапи а потенцијалот за раст е скромен. Помали компании представуваат поголем ризик, но нивниот потенцијал за раст е поголем. Тие во почетокот немаат никаков профит и заради тоа нивните акции се ефтини, но тоа не значи дека тие ќе пораснат во наредниот период. Втор критериум е групирање на компаниите по сектори. Различни компании кои се занимаваат со ист бизнис имаат многу заеднички работи. На лондонската берза компаниите се поделени во 35 специфични сектори, кои стално влегуваат и излегуваат од мода. Ако инвеститорите проценат дека во одреден момент нафтените компании се релативно евтини и дека во блиска иднина цената на нафтата ќе скокне, тие компании стануваат примамливи за вложување и цената на акциите на сите нафтени компании ќе порасне. Тој домино ефект важи и за сите сектори и може да има големо влијание на тргувањето со акции.