Продажба на акции

////Продажба на акции
Продажба на акции2017-12-31T11:11:25+00:00
Fortrade prodaja akcija

Продажбата на акции се одвива спрема точно одредена постапка. Продажбата на акции на акционерските друштва се врши на берза или по пат на преземање.  Во двата случаи првиот чекор претставува потпишување на Уговорот за отворање и водење на сопственичка сметка на хартии од вредност. При тоа треба да се знае дека клиентот може да ги продаде само акциите кои се наоѓаат на неговата сопственичка сметка. Продажбата на акции на акционерските  друштва може да се одвива на берза само ако тие акции се вклучени на пазарот на берзата. Во тој случај потребно е следното:

  • Да се потпише уговор за посредување во тргувањето со хартии од вредност со брокерот
  • Да се отвори наменска сметка за продажба на акции кај банката која мора да биде член на централниот регистер. Исто така потребно е да се достави брокер копија на Уговорот како доказ дека сметката е отворена
  • Да се потпише налог за продажба на акции спрема кој се дефинираат сите битни елементи како што се ознаката на акциите, цената, количината, времетраењето на налогот и др.

Кога е во прашање продажбата на акции, цената на акциите може да биде лимитирана или да преовладува. Кај лимитираната цена имаме случај кога продавачот е спремен да продаде акции по цена која е еднаква или поголема од лимитираната цена. Преовладувачката цена подразбира дека продавачот е спремен да прифати било каква цена во зоната на т.н. флуктуација. Таков налог по правило секогаш е дневен налог, а негова основна карактеристика е да има предност при извршувањето. Важно е да се напомене дека продавачот обавезно ги дефинира бројот на акции кои сака да ги продаде, додека траењето на времето на налогот може да биде и тројно  и тоа – дневен налог, налог до одреден ден и налог до опозив. Кај последниот вид на налог, времетраењето е ограничено на 90 дена ако во меѓувреме до тогаш не се опозива од страна на заинтересираните клиенти.

Секундарното тргување со акции (купување и продажба на берза) на слободниот берзански пазар се организира секој работен ден. Рокот за салдирање на склучената трговинска трансакција е три работни дена и тогаш акциите се пренесуваат од сопственичката сметка за хартии од вредност на лицето кое ги продало акциите на сопственичката сметка на купувачот, а парите се уплатуваат на неговата наменска сметка која е отворена со цел да се изврши продажба на акциите и тоа во износ смален за сите провизии. После реализацијата на налогот, брокерот му доставува на клиентот потврда за продажаба на акциите со што практично е завршен процесот на трговинска трансакција, односно на продажба на акции.

Продажбата на акции по пат на т.н. понуди за преземање практично се врши во рокот на траењето на таа понуда, а во склад со објавениот текст за понуда за преземање, односно со наведените услови. Понудата се упатува до сите акционари на одредено акционерско друштво од страна на понудувачот, односно, лицето заинтересирано да стекне акции на друштвото, по одреден цена која е специфицирана во објавената понуда. Во случај акционерот да има намера да ја прифати понудата и да ги продаде своите акции, потребно е да отвори наменска сметка во банка и да достави потврда за тоа кај својот брокер за посредување (продажба на акции). Потоа, потпишува Уговор со брокерот за посредување при депонирање на акции и налог за депонирање на акции. Со овој налог акциите се пренесуваат на сметка на депонираните акции која е отворена од страна на понудувачот. Во случај понудата да не е успешна, акциите од сметката на депонирани хартии од вредност на понудувачот, автоматски се враќаат на сопственичките сметки на акционерите кои ги депонирале тие акции. Ако е во прашање успешна понуда, брокерот им праќа на клиентите потврда дека е успешно извршена продажбата на акции.