• Отворете демо сметка за тргување, со 100 000 виртуелни средства. Едноставно, сигурно и 100% без ризик!
    Превземете ја апликацијата Fortrade Pro Trader за iOS
    Fortrade
    Тргувајте со CFD онлајн
    Превземете ја апликацијата Fortrade Pro Trader за ANDROID
    Fortrade
    Тргувајте со CFD онлајн
  • Хартии од вреднoст

    ////Хартии од вреднoст
    Хартии од вреднoст2017-12-31T11:11:25+00:00
    Fortrade hartije od vrednosti

    Хартиите од вредност представуваат документи на кои се ветува исплата на пари, камати, заработка или девиденда. Во потесен случај, хартиите од вредност се инвестициони инструменти, односно тие хартии од вредност кај кои што постои ризик од вложување кој се компензира со потенцијална заработка. Во оваа група спаѓаат акции, обврзници, опции, деривати и т.н. Овие хартии се израз или сопственички (акции) или индиректно сопственички (опции) или кредитен (обврзници) аранжман. Тие се продаваат или купуваат на специјализиран финансиски пазар т.н. пазар на капитал и представуваат група на финансиски инструменти со кои се тргува на финансиските пазари. Во поширока смисла, во хартиите од вредсност припаѓаат и инструментите како што се кредити и плаќање, како што се чекови, меници, коносмани и слично. Спрема прописите во Србија хартии од вредсност може да емитува држава, покраина, град, општина, и друго правно лице. Секоја хартија од вредност мора да поседува одредени својства односно да исполни три услови:

    • Да е во пишана форма;
    • Во таа исправа да содржи некое граѓанско (најчесто сопственичко) право;
    • Постоењето и остварувањето на сопственичкото право да е поврзано со постоење на хартии од вредност.
    Во современиот промет, хартиите од вреднсот можат да играат важни улоги и да се појават како средства за плаќање, кредити, обезбедување на побарување, стоковен промет и слично. Секоја хартија од вредност мора да содржи пет елементи: ознака на видот, име и седиште на нејзиниот издавач, точно утврдена обврска на издавачот, место, датум и сериски број на издавање, потпис на издавачот на хартии од вредност. Спрема начинот на одредување на корисникот на хартии се разликуваат хартии на име, хартии од вредност по наредба и хартии од вредност на доносителот. Кај хартиите на име на корисникот на исправата е наведено по име, со тоа што е исклучено преносувањето на такви хартии од вредност индосамента. Кај хартиите од вредност по наредба како сопственик на паравата се појавува некое лице означено во самата исправа, но на тоа лице истовремено му е дадена можност со својата наредба да одреди некое трето лице како корисник на исправа. Кога се во прашање хартии од вредност на доносител, кај нив имателот на правата т.е. корисникот не е именуван посебно, така што секој сопственик на таква исправа се смета за корисник на хартијата. Хартиите на доносител се пренесуваат на најлесен начин од сите хартии од вредност.

    Предмет на јавна понуда на организиран пазар можат да бидат следните хартии од вредност:

    • Акции – хартии од вредност кои гласат на дел од основниот капитал на акционерското друштво;
    • Должнички хартии од вредност;
    • Варанти – хартии од вредност кои на имателот му даваат право на купување, односно продажба на хартии од вредност и други финансиски инструменти, одреден ден, односно одреден период, по однапред одредена цена;
    • Депозитни потврди – хартии од вредност кои ги издаваат банките кои поседуваат странски акции или обврзници депонирани кај банките во странство, а кои представуваат домашни еквивалнти на странските акции или обврзници, односно содржат истоветни права и обврски, како и странските хартии од вредност на кои се однесуваат.

    Тргувањето со хартии од вредност се извршува на берза. Доколку се определите да тргувате со хартии од вредност, акции или обврзници, неопходно е да контактирате брокерско-дилерско друштво, член на Скопската берза и да склучите договор за посредување. Предмет на јавна понуда на организиран пазар можат да бидат и други хартии од вредност, односно финансиски инструменти кои се утврдуваат во склад со овој закон и акт на комисија.