Цената на акциите

////Цената на акциите
Цената на акциите2017-12-31T11:11:24+00:00
Fortrade cena akcija

Цената на акциите не претставува само едноставен ниво на цените на финансискиот пазар, туку означува квалитет на работењето и ефикасност на управувањето со фирмата која ги емитувала акциите. Инаку, акциите претставуваат масовни хартии од вреднсот, се издаваат во голем број од по неколку илјади примероци, пропорционално со капиталот на фирмата, односно, на одредено претпријатие. Бидејќи цената на акциите практично зборува за квалитетот на работењето, ефективноста и ефикасното управување со фирмата, јасно е дека станува збор за комплексен параметар. Подробната анализа на пазарните односи понатаму воспоставува три основни категории на цените на акциите:

  1. Номинална вредност на акциите – цена на акциите по која се водат акциите во книговодството на фирмата. Треба да се знае дека номиналната вредност е основа за пресметување на дивиденда, како и основа за пресметување во случај на ликвидација т.е. стечај на претпријатието. Номиналната вредност е впишана на плаштот (бланкетот на акциите).
  2. Сметководствената цена на акциите е вкупната сметководствена вредност, односно, бројот на емитувани акции. Сметководствената вредност на акциите, практично претставува чист имот на општеството, односно, трајни извори на средства лоцирани на поединечна акција.
  3. Пазарна цена на акциите која се формира на секундарните пазари на акции, подложна е на чести флуктуации и се менува во поглед на некои компании и во текот на неколку минути (најбрз е форекс, односно, девизниот пазар каде понекогаш се битни и секунди). Тргувањето на берзанскиот, а посебно на ОТС пазарот (вонберзански) понекогаш личи на игрите на среќа, а понекогаш на вистинска уметност.

Основното прашање е како да се предвиди идното движење на акциите. Пазарната вредност на акциите е резултат на односот на понудата и побарувачката на пазарот на капитал, односно тоа е цена по која се продаваат акциите на секундарниот пазар. Со оглед на тоа што делувањето на понудата и побарувачката и формирањето на пазарните цени на акциите во крајна линија ја сведува пазарната вредност на внатрешната вредност на акциите, така девалоризацијата на акциите ја гледаме првенствено како процес за одредување на нејзината внатрешна вредност. Внатрешната вредност на акциите се нарекува и реална вредност на акциите, а е од големо значење за инвеститорите при донесувањето на одлуки за тоа дали и во кои акции да инвестираат. Практично, ако пазарната вредност на акциите е пониска од нејзината реална вредност, тогаш инвеститорот ќе одлучи да ги купи акциите.

Инаку, реалната вредност се пресметува со дисконтување каде цената на акциите е изразена преку односот на дивидендата и стапката на капитализација, а стапката на капитализација претставува дисконтна стапка.

Постојат три основни модели за утврдување на пазарната вредност на акциите (цена на акциите):

  • Модел на дисконтување на дивидендата
  • Модел на споредување на коефициентите на пазарните вредности на акциите и нето добивката по акција
  • Модел на дисконтување на готовинскиот тек

Ако се тргне од претпоставката дека очекуваната дивиденда константно расте во временскиот период, тогаш пресметувањето на вредностите на акциите е покомплицирано, што бара примена на повеќе различни методи за утврдување на идното движење на цените на акциите на пазарот. Често се прибегнува кон споредување на развојните можности на одредена фирма во однос на други фирми, но кои работат во во иста стопанска гранка. При тоа се пази висината на коефициентот на пазарната вредност на акциите и нето добивката по акциите и не мора секогаш да значи дека станува збор за успешна фирма. Најдобар пример на светскиот финансиски пазар за тоа се јапонските фирми кои се одликуваат со овој многу висок коефициент. Меѓутоа, повеќето инвеститори се определуваат за оние акции кои имаат понизок коефициент на пазарна вредност на акциите во однос на нето добивката по акција, ако гледа акции од таа ризична класа. Кон оваа логика се пристапува од причини што често се случува многу фирми да се преценети, односно, подценети, се заради користење на различни сметководствени методи. Заради тоа на инвеститорите на глобалниот финансиски пазар им е многу важно пред донесувањето на инвестиционите одлуки да пристапат кон подобра финансиска анализа за процена на вредностите на цената на акциите во кои имаат намера да инвестираат.

Моделот на дисконтување на готовинскиот тек најчесто се користи за вреднување на обичните акции. Освен тоа, треба да се напомене и дека утврдувањето на цената на капиталот се сведува на пронаоѓање на онаа дисконтна стапка која ќе ја изедначи внатрешната вредност (реалната вредност) на преференцијалните акции со очекуваните придонеси во иднина, што има битно влијание на тоа каква ќе биде цената на акциите.