Историја на Forex

//Историја на Forex
Историја на Forex 2017-12-31T11:11:56+00:00
Forex или FX е скратено од англиските зборови Foreign exchange кои што означуваат девизен пазар. Дневниот обем со кој се тргува на Forex пазарот изнесува 5,5 билиони долари, и тоа на овај пазар му дава улога на најголем, а воедно и пазар кој најбрзо се развива. Освен со главните светски валути, на Forex пазарот се тргува и со скапоцени метали, како што се златото и среброто, стока, како што е нафтата, и со берзански индекси. Учесници на девизниот пазарсе ко мерцијални банки, централни банки, фирми за управување со имот, осигурителни компании, големи корпорации, hedge фондови и индивидуални инвеститори. Центрите за обработка на налозите на Forex пазарот се наоѓаат на неколку географски локации. Тие центри почнувајќи од најважниот се: Лондон, Њујорк, Токио, Сингапур, Франкфурт, Цирих, Париз, Хонг Конг.Трансакциите помеѓу банките, корпорациите и индивидуалните инвеститори се прават преку електронска мрежа 24 часа на ден.
Темелите на денешниот Forex пазар се поставени во 1973 год. Меѓутоа претворањето на една валута во друга, како и самите пари, постоеле многу пред тоа. Пред Втората светска војна, доминантна светска валута била британската фунта. Меѓутоа, за време на Втората светска војна, ја изгубила доминантноста на светскиот пазар како резултат на војувањето со Германија. После кризата во 1929 год. американската економија во текот на втората светска војна па се до денес добива на снага и САД стануваат економска сила, а американскиот долар го презема местото на доминантна светска валута.
Њу Хемпшир е мала сојузна држава во САД, во која се наоѓа градот Бретон Вудс. Во 1944 год. Обединетите Нации во ова место одржале монетарна и финансиска конференција после која потпишале договор. Правилата и процедурите што се потпишани со овај договор се нарекуваат Бретон Вудс систем. На конференцијата во Бретон Вудс која се одвивала во хотелот Маунт Вашингтон присуствувале 45 земји. Договорот потпишан на крајот од конференцијата претставува вовед во формирањето на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), како централна точка на овој систем. Воспоставениот систем се нарекува ,,златен стандард за размена” затоа што другите валути се врзани за вредноста на доларот, а доларот е врзан за златото во однос од 35 долари за унца злато, по кој систем централните банки би можеле да ги разменуваат своите валути. Целта на Бретон Вудс договорот била да се обезбеди стабилност на девизниот курс и да се спречи девалвација на валутите во повоениот период. ММФ била одговорен за спроведувањето на оваа цел.
Северна Европа во март 1971 год. припремила план за создавање на заеднички европски пазар и почеток на движење во правец на економска и монетарна унија. Со планот на Тим Вернер било договорено да се стабилизира флуктуацијата на европските валути меѓу себе. Движењето на курсот меѓу европските валути требало да флуктуира во одредени граници, и заради тоа овој систем добил име ,,змија во тунелот”. Во декември 1971 година претставниците на десет земји, Германија, Франција, Италија, Холандија, Шведска, Швајцарија, Велика Британија, Белгија, Канада и САД се собрале во Вашингтон, на институтот Смитсонијан, и формирале договор. Со овој договор вредноста на валутите паднале за 8% во однос на доларот. Сепак, за многу кратко време се покажало дека ова е недоволно заради девалвацијата на американскиот долар, така што валутите наскоро се намалени за 10% во однос на доларот. Шпекулативните движења се засилиле во толкава мера што девизниот пазар бил приморан да се затвори од 1ви до 18ти март 1973. Пазарот е повторно отворен на 19ти март, но европската и јапонската валута се оставени да пловат слободно. На почетокот се мислело ваков аранжман да остане привремено, но се покажало дека тоа е почетокот на флуктуирачки систем на девизниот курс.
Европската унија во 1972 год. донела одлука да ја намали зависноста на валутите од американскиот долар. Зад овој прв потфат застанале Холандија, Белгија, Италија, Франција, Западна Германија и Луксембург. На тој начин во рамките на Европската унија започна т.н. лебдечки систем. Овој систем дозволил поширок опсег од Бретон Вудс системот. Со колапсот на Бретон Вудс ситемот и на договорот Смитсонијан, европските земји во април 1972. заедно го зголемиле обемот на ,,змијата” од ± 2,25 % на ± 4,50%. Меѓу 1973. И 1980. се случиле неколку корекции на девизниот курс во согласност со разни договори. Европскиот совет, во декември 1978. година, одлучил до март 1979. да се воспостави Европска Монетарна Унија. По таа судбоносна 1979 год. дефинирана е европската валута European currency Unit (ECU). Од 1 Јануари 1999 година. ECU е заменета со еврото. Како резултат на тоа, вредноста на парите зависи од промените во понудата и побарувачката на Forex пазарот, кој денес е најголемиот и најликвидниот пазар во светот. На меѓунарародниот пазар се прават голем број шпекулативни и комерцијални трансакции секој ден. Една банка може да обработи милијарда долари дневно. Дел од овај процес го прават за своите клиенти, али најголем дел се прави за сметки на банката. До неодамна, единствен начин да тргувата на Forex пазарот бил само преку брокер кој го користел меѓубанкарското тргување и за таа услуга наплатувал надокнада.
Денес овој електонски систем совршено функционира. Благодарение на новата технологија сите трговски операции се мерат во милисекунди.
Купувањето и продавањето на девизи е еден од најважните делови во работата на меѓународните компании. Во споредба со банките, тие имаат помал обем на тргување, и се обидуваат да ја зачуваат вредноста на нивните стоки и услуги од флуктуацијата на девизниот курс.
Националните или централни банки имаат важна улога на Forex пазарот. Централните банки ја регулираат понудата на пари, каматните стапки, инфлацијата, а со официјална или неофицијална монетарна политика се обидуваат да го конторлираат курсот на домашната валута.
Инвестициониот менаџмент подразбира тргување со хартии од вредност. Управување со фонд значи управување со индивидуалните сметки на корисниците, со цел да се зголеми профитот а намали ризикот. Лесно е да се види како тргувањето на Forex пазарот има важна улога во секојденвното работење на фондот. Инвестиционите фондови обично располагаат со големи средства и користат широк опсег на финансиски инструменти.
Фондовите од овој вид добиле на вредност поради агресивното шпекулативно тргување на Forex пазарот. Hedge фондови располагаат со огромен капитал кој се мери во милијарди долари. Тие имаат голема моќ на пазарот и во соработка со централните банки и инвестиционите фондови можат да го подржат било кој валутен пар, валутен дериват.
Постојат два вида на Forex брокери: оние кои се директно поврзани со пазарот или преку посредник и на тој начин заработуваат на провизија, и оние кои не се директно поврзани со пазарот и заработуваат на спред.
  • Само 5% од дневниот обем на тргување на Forex пазарот се должи на интервенциите на владите и на меѓународните компании. Останатите тргувања се должат на шпекулативни цели.
  • 80% од отворените позиции се за период од 7 дена или помалку.
  • 40% од отворените позиции се за период од 2 дена или помалку.