Бидете успешен трејдер

//Бидете успешен трејдер
Бидете успешен трејдер 2017-12-31T11:11:55+00:00
  1. морате да бидете во склоп на сентиментот на пазарот
  2. да се дефинирате себе си како инвеститор или шпекулант
  3. да се држите до неколку инструменти, 2-4, не повеќе од тоа
  4. да ја дефинирате заработката по позиција која вас ве интересира
  5. да одредите сигнал на чија основа ќе тргувате
  6. да одредите алтернативно сценарио, излез од позиција или слично
  7. задолжително следете го нивото на маргините, кое не смее на падне под 1000% (ништо нема да се случи ако падне под 1000%, но тоа е сигнал дека преминувате од релативно сигурна зона во зона која е релативно ризична)
Stop Loss треба да внесете при отворањето на секој налог. Секој успешен инвеститор доаѓа до профит така што ја спречува загубата. Со ставање на ограничувања на загубата, но и на добивката, имате однапред утврдени граници кога вашиот налог ќе биде затворен. Со тоа се спречуваат сериозни ризици, а тие се:

  1. Штета од краткорочна флуктуација
  2. Трајност на загубата
  3. Недостатог на малите загуби
  4. Сигнал за затворање на позициите
  5. Дисциплина во пратење на својот план

Препорачан максимален губиток по позиција во долари:

Инструмент / Величина на лот 0.01 0.10 0.25 0.50 1.00
EUR/USD 2-3$ 20-30$ 50-75$ 100-150$ 200-300$
Злато 4-6$ 40-60$ 100-150$ 200-300$ 400-600$
Нафта 5-8$ 50-80$ 125-200$ 250-400$ 500-800$

Во просек EUR/USD флуктуира секој ден од 0.5-1.00%, Злато – 1.00-2.00%, Сурова нафта – 2.00-4.00%

Од интерес за инвеститорот е да има добар план за успешни трансакции:

  1. Можност за смалување на ризикот и зголемување на профитот
  2. Употреба на капиталот без користење на маргина
  3. Мала употреба на левериџ
  4. Проверка дали има разлика после извесен период
  5. Мал оперативен ризик
  6. Проценување на трендови
Многу инвеститори ги следат глобалните информации и на тој начин бараат показатели за своите трансакции. Можете да читате дневни весници секое утро за да проверите се во врска со пазарот, а обично се наведува и некоја курсна листа. За подобро да дознаете што се случува на пазарот потребен е напор, а и време. Сеопфатен пристап до глобалните информации е една од најважните причини за успех во трговијата. Успешен инвеститор се потпира на знаење и ресурси за неговиот процес на одлука да биде што попрецизен.
Најдобро е да имате акционен план по кој ќе тргувате, што значи дека треба да имате и буџет за тргување. Ако ризикувате помалку од 2% од капиталот, можете да преживеете и неколку лоши трансакции. Друг важен пристап за управување е да го определите валутниот ризик кој сте спремни да го поднесете, како и стапката на профитот која ја посакувате.
Заедничкото мислење на многу инвеститори на пазарот го формира трендот. Идеално, Вашите влезни позиции треба да бидат или на врвот или на дното на трендот. За да спречите големи загуби, можете да користите графикони за да предвидите во која насока ќе се движи пазарниот тренд. Покрај тоа, треба да користите информации за да Ви помогнат во процесот на поставувањето на Вашата заработувачка на константно ниво. Процесот мора да ја препознае разликата помеѓу пазарот и пазарните трендови.
Морате да бидете дисциплинирани во спроведувањето на вашиот план. Дисциплината Ве носи до следните предности:

  1. Нема да го напуштите планот на тргување поради загуба или добивка
  2. Нема да бидете неодлучни поради недоволно информации
  3. Нема да бидете невнимателни и нетрпеливи
  4. со малку капитал и малку информирност можете да заработите доста пари
  5. Постојано следете ги графиконите
  6. Можете да ги контролирате своите емоции
  7. Нема да заборавите да користите Stop Loss
Всушност, вие не мора да имате многу капитал во целина. Некои инвеститори не мора да бидaт успешни ако имаат многу пари, ако немаат акционен план и правила за инвестиции. Затоа, тие не можат да бидат дисциплинирани. Една мала сума на пари за почеток со планирана работа е подобро од многу пари со несовесно работење. Значи, колку пари е доволно? Тоа целосно зависи од тоа колкав ризик сте подготвени да прифатите и колку сакате да заработите. Според тоа, употребата на маргина зависи од висината на капиталот. Ако ризикувате 5% од 10.000 $ на вашиот профил, треба да одвоите 500 $ на вашата сметка. Сепак, многу трајдери сметаат дека ризикот треба да биде уште помал во почетокот, да речеме 2% од $ 25.000, а потоа истиот износ од 500 долари е со многу помал ризик.
Продолжете со планирање на Вашите добивки. Добриот план ќе ги елиминира Вашите чувства при донесувањето на одлуки. Еден добар план ќе Ви каже како да го заштитите Вашиот профит, кога трендот на пазарот се промени. Добриот план не се менува според потребите на пазарот. Сепак, нивото на заштита на профитот треба да биде поставено далеку од “пазарот”. Еден добар план ќе ве потсети кога фундаменталната анализа ќе ви говори и покажува дали таа одлука е потврдена од страна на техничката анализа. Важно е да се планираат нивоата на цените и платите. Водичот на фундаменталната и техничката анализа ќе Ви помогне да го постигнете вашиот план. Информациите мора да биде од веродостоен извор.
Нашите разговори со инвеститорите покажале дека најдобро е кога се инвестира без емоции. На тој начин е полесно да го пратите својот план. Некои од инвеститотите лесно се возбудуваат и престануваат да бидат објективни во тргувањето, и на тој начин паѓаат во неволја. Емотивните инвеститори и нивниот страв дека ќе ја напуштат својата позиција со загуба често ги води до уште поголема загуба. Затоа, успешен инвеститор не е емотивен и се подготвува на логичен начин со користење на табели и сродни вести.
  1. Финансиска анализа, која произлегува од аналитичко размислување, за да бидете способни да управувате со книгата на налози.
  2. Распоред и секојдневно следење на економскиот развој.
  3. Познавање на сите фактори кои влијаат на Forex пазарот.
  4. Математичка анализа и извлекување на заклучоци од оваа анализа.
  5. Систематски и стратешки пристап.
  6. Долгорочно размислување и трпение.
  7. Стратегија на среден и долг рок за контрола на ризик.
  8. Дневни анализи и извештаи.

Горе се прецизирани стапките за успех на Forex пазарот. Овие чекори ќе Ви помогнат да дојдете до успех и да продолжите да бидете успешни, и не треба да ги заборавите како времето поминува. Тие представуваат карактеристики на најуспешните трејдери. Колку добро ги применувате ќе ви покаже пазарот, но сигурно ќе ви помогнат во добивање на знаење и вештини, дури и ако забележите некоја загуба.